Денеска пред Бадник, во пресрет на големиот Христијански празник - Божиќ, дел од семејството Пишеви и Дедо Мраз, во името на Здружението „Граѓаните пред се“, се дружеа со корисниците во Заводот за заштита и рехабилитација - Бања Банско, беа дел од нивната традиционално бадниково кршење на лебче со паричка.
Тие за Божиќ, на корисниците им подарија, пакетчиња со слатки производи, а воедно, Гордана Пишева, претседател на Здружението „Граѓаните пред се“, со директорката на оваа установа, Јустина Гноинска Димитриева разговараа за потребите на корисниците и можноста за помагање во тековната година.