Пратеникот во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев, по повод големиот Христијански празник - Рождество Христово, до верниците кои го слават Божиќ, упатува празнична честитка.
„Да го примиме овој ден Божиќ во нашите срца и така вербата во Бога ќе ни биде блиска. Овој ден е возвишен за сите нас, бидејќи Бог се роди како човек и нашата вера христијанска сега има смисла, Бог е сега во сите нас. Сега повеќе не сме сами. Христос се роди! Мир и здравје, среќа и блажени моменти Ви посакува пратеникот Васил Пишев со фамилијата“...