Гордана Пишева од Здружението „Граѓаните пред се“, заедно со Дедо Мраз беа во посета на Здружението на дистрофија и останати нервно мускулни заболувања во Струмица, каде на најмалите членови на оваа здружение, децата, во пресрет на Божиќ им подарија Новогодишни пакетчиња.
Госпоѓа Пишева, која е претседател на Здружението „Граѓаните пред се“, основано од нејзиниот сопруг, пратеникот Васил Пишев, се информираше и за работата на Здружението на дистрофија и проблемите со кои се соочуваат.