Утринава во Струмица минималната температура изнесувала -10 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Најстудено било во Тетово -19 степени, Битола и Берово -18, додека во Гевгелија се измерени -4 степени.
Денеска преку целиот ден времето е сончево и студено, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се движи во интервал од -6 до 3 степени.
Утре се очекува преодно покачување на температурата. Во недела од север се спушта нов студен бран, кој ќе услови засилен северен ветер, врнежи претежно од снег, но со слаб интензитет. Потоа до среда ќе се задржи стабилно, суво и студено време со утрински температури од -13 до -5, а дневните од -4 до 3 степени.