Новогодишна порака на Миро Топчев од Унија на млади сили

Понеделник, 05 Јануари 2015

Во предвечерието на крајот на 2014-та и почетокот на новата 2015-та година, пред почетокот на Божиќните празници, сакам на Македонците да им кажам дека се подобри отколку што мислат, дека за тоа што го сакаш 

Претседателот на УМС ВМРО-ДПМНЕ Струмица и советник во Советот на општина Струмица, Миро Топчев, во предвечерието на доаѓањето на Новата 2015-та година, со Новогодишна порака до своите сограѓани. Во предвечерието на крајот на 2014-та и почетокот на новата 2015-та година, пред почетокот на Божиќните празници, сакам на Македонците да им кажам дека се подобри отколку што мислат, дека за тоа што го сакаш (подемократско општество и посилна личност), треба да се бориш, да го градиш и надоградуваш. Ние се лутиме еден на друг и многу често „боксуваме“ со замислен противник во лицето на тој којшто треба да е во редот до нас, но треба преку дијалог и дебата да се бориме и ќе го средиме тоа. И да, не е разочарување ако не си го купиш најскапиот автомобил, куќа или телефон...

Да, во некои работи сме очајни, очајни сме затоа што го губиме другарството и пријателството еден со друг во суштина, затоа што расте бројот на разводи, очајни сме затоа што се намалува бројот на новородени, (а не верувам дека нашите повозрасни и родители имале подобри „услови и луксузи” на наши години), очајни сме затоа што сето тоа не го земаме во предвид, очајни сме затоа што се помалку сакаме да живееме во реалноста и си создаваме некој виртуален свет, а во мислите ни стои дека сме најдобри, најубави и најпаметни, а всушност реалноста е дека само се стремиме кон еден грд чудовишен егоцентризам кој може да не изеде.

Треба да сватиме дека секој од нас чувствува чувства не поразлични од твоите, толку пријатни или понекогаш непријатни како и твоите и затоа не ги омаловажувај, и во било каква форма на лице, висина, тежина и возраст се тие. Треба да разбереме и дека државата, тоа сме ние, секој еден како единка, сите како еден.

БОГ Е НАД НАС И ПРЕД НАС и никако да не се одделуваме од светата Црква. Треба да се обидеме да го исчистиме чувството како тука некаде да е крајот (дека ние „доле” не можеме и сме поразлични од тие „горе”) и да кажеме НЕ, тука е само една сегашност, којашто заедно треба да ја усовршуваме затоа што верувам дека можеме, да тука, да сега, да заедно. На крај ако би требало да кажам што би си посакал за Новата 2015 година… ќе се помолам за МАКЕДОНИЈА и ќе си посакам заедно да можеме да ги согледаме точките до каде сме стигнати во секоја една област, што сме постигнале и што треба да усовршуваме заедно за да си ја вратиме ведрината, наместо само да се негираме.

ИСКРЕНО ВИ ПОСАКУВАМ СРЕЌНА НОВА 2015-та И ВЕСЕЛИ И РАДОСНИ БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Горан Пандев денеска го слави 38-от роденден

Горан Пандев денеска го слави 38-от роденден

Јул 27, 2021 Магазин

Македонската интернационална фудбалска ѕвезда, струмичанецот Горан Пандев, денеска го слави својот 38 роденден. Пандев е еден од најдобрите фудбалери...

Ова седмица високи температури со над 40 степени

Ова седмица високи температури со над 40 степени

Јул 26, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од денеска до крајот на ова седмица под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период ...

Утре прекин на електричната енергија на дел од улицата „Братство Единство“ во Струмица

Утре прекин на електричната енергија на дел од улицата „Брат…

Јул 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (понеделник, 26 јули), од 07:00 до 10:00 часот ќе има прекин на електричната енергија на дел од...

Од утре на роденденски шопинг во „РАЗНОПРОМЕТ АС“, ПОПУСТ на се што се продава таму

Од утре на роденденски шопинг во „РАЗНОПРОМЕТ АС“, ПОПУСТ на…

Јул 25, 2021 Магазин

Традиционално во последната недела од месец јули, познатиот струмички бренд „РАЗНОПРОМЕТ АС“ ја организира роденденската недела, почнувајќи од утре, п...

НОВО во Струмица! Отворена специјализирана продавница на традиционални турски баклави

НОВО во Струмица! Отворена специјализирана продавница на тра…

Јул 25, 2021 Маркетинг

Нова уникатна приказна во Струмица започнува од вечерва на плоштадот, спроти хотел „Есперанто“. Отворена е специјализирана продавница на традиционални...

Струмичката полиција уапсила две млади момчиња, кај нив е пронајдена марихуана

Струмичката полиција уапсила две млади момчиња, кај нив е пр…

Јул 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

СВР Струмица информира дека синоќа по полноќ, околу 00:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Х.Д.(21 година)...

Повредено 23-годишно момче од Струмица, управувајќи возило излетал од патот

Повредено 23-годишно момче од Струмица, управувајќи возило и…

Јул 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Синоќа околу 23:40 часот на патот Струмица – Ново Село, во село Босилово, патничко возило „Сеат Ибица“ со струмички регистарски ознаки, управувано од ...

Утре голема акција на „Комуналец“ за чистење на отпадот во Струмица

Утре голема акција на „Комуналец“ за чистење на отпадот во С…

Јул 24, 2021 Вести

ЈПКД „Комуналец“ од Струмица, утре (недела, 25 јули) од 07:00 до 16:00 часот организира голема акција за чистење на отпадот во градот. Се планира да с...