12 години од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски

Петок, 26 Февруари 2016

Денеска во Струмица се одржа чествување по повод 12-годишнината од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски

По повод 12 години од трагичната смрт на претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа заедно со неговите најблиски соработници, денеска во неговата родна Струмица, пред споменикот „Македонија“, се одржа чествување.


За животот и делото на претседателот Трајковски, говореше претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.


„Трајковски беше човек од народот и човек за народот. Беше природен, без да сака да наликува на големец, кој е тешко достапен за обичниот граѓанин. Беше секогаш насмеан и приемчив, но и човек кој тешко ги поднесуваше строго определените правила за почитување на некакви протоколарни редови. Беше човек кој знаеше да љуби се што е позитивно. Силно ја сакаше својата Струмица, беше горд што е Македонец, но повеќе од се беше верен поклоник на Севишниот Господ Бог. Тој знаеше да каже „Никогаш не сонував дека ќе станам претседател, но верувам дека за тоа бев избран од Бога“ - рече меѓудругото во своето обраќање претседателот на Советот, Јосиф Христов.


Членови на семејството Трајковски, положија свежо цвеќе пред неговиот споменик. Свежо цвеќе положија и членови на Советот на Општина Струмица, на политичките партии, Сојузот на борците, СВР Струмица, од Заводот за рехабилитација – Бања Банско, од средните општински училишта, Здруженија на граѓани и други.


Членови на Рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“ од Струмица, интерпретираа рецитал посветен на претседателот Борис Трајковски.


Традиционално и годинава, во Градскиот парк спроти споменикот „Македонија“, членови на Унијата на жени при ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица, засадија дрвце во чест на претседателот Трајковски.


Борис Трајковски е роден во Струмица на 25 јуни 1956 година. Беше втор претседател на Република Македонија во периодот од 15 декември 1999 година до неговата смрт во 2004 година.


ФОТОГАЛЕРИЈА

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ДИК со едукативниот караван ги посети Струмица, Штип, Кавадарци, Куманово и Скопје - Ти си на ред! Излези, гласај!

ДИК со едукативниот караван ги посети Струмица, Штип, Кавада…

Окт 15, 2021 Вести

Оваа недела во рамките на едукативната и информативна кампања „Ти си на ред! Излези, гласај!“, караванот на Државна изборна комисија ги посети градови...

Даскаловски: Во недела на 17 октомври не се двоумете, гласајте за бројот 12, гласајте за најдобрите

Даскаловски: Во недела на 17 октомври не се двоумете, гласај…

Окт 15, 2021 Избори 2021

Носителот на листата за членови на Советот на општина Струмица на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Марјан Даскаловски на последниот ...

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за насилна кампања, поткуп, притисоци, закани од страна на СДСМ и кандидатот Костадинов

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за насилна кампања, поткуп, притисоци, з…

Окт 15, 2021 Вести

Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица со реакција до медиумите. Според нивното соопштение, сакат да ја информираат струмичката јавност за „...

Денеска најмногу дожд во Струмица - 18 л/м²

Денеска најмногу дожд во Струмица - 18 л/м²

Окт 14, 2021 Вести

УХМР информира дека во текот на денешниот ден, односно од 08:00 до 17:00 часот во Струмица наврнало најмногу дожд - 18 л/м². Од југоисточниот регион в...

Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со оштетен вид во Струмица е поставена Тактилна изложба на слики

Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со оштетен вид во …

Окт 14, 2021 Вести

Во рамките на Манифестацијата „Струмица – град на културата 2021“, денеска во НУ Завод и Музеј во Струмица е поставена Тактилна изложба на слики за ли...

Кандидатот за градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов најави изградба на велосипедска патека

Кандидатот за градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов…

Окт 14, 2021 Избори 2021

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, Костадин Костадинов во денешното сво...

Прекин на електричната енергија во реонот покрај Просенички пат, во Старо и Ново Добрејци и дел во Василево

Прекин на електричната енергија во реонот покрај Просенички …

Окт 14, 2021 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 15 октомври) од 11:30 до 13:30 часот без електрична енергија ќе бидат: „Роко 2000“, „На...

Костадинов ги презентираше проектите од областа на културата во Струмица

Костадинов ги презентираше проектите од областа на културата…

Окт 13, 2021 Избори 2021

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од СДСМ и Коалицијата, Костадин Костадинов, денеска ги презентираше постигнувањата во културата и наја...