Испечатете ја страната

Ќе се проширува „зонското“ на улиците каде има сообраќаен метеж

Четврток, 25 Февруари 2016

Се надевам дека кон средината на 2016 година ќе излеземе со предлог план кој што ќе опфати повеќе улици и кој ќе ги задоволи барањата и потребите

Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ деновиве интензивно работи на подготвување на проектната документација, која што е неопходна за отпочнување на процедурата за воспоставување зонско паркирање во сите останати подрачја, улици и површини, за кои е донесена одлука од Советот на општина Струмица.


Според Верица Узунова, директор на ЈП „Паркиралишта Струмица“, проектантскиот тим веќе подолг временски период е на терен каде што врши анализи и снимање, преку непосредни разговори со граѓаните, анкети и состаноци, за да се утврди фактичката состојба и да се подобри состојбата со безбедноста на сообраќајот во мирување.


„Се надевам дека кон средината на 2016 година ќе излеземе со предлог план кој што ќе опфати повеќе улици и кој ќе ги задоволи барањата и потребите на сите засегнати граѓани кои што во моментот немаат мир кога е во прашање безбедноста на сообраќајот во мирување. Еве, пред градинката „Детска радост“ се соочуваме со невиден сообраќаен метеж, така што и овој дел од градот ќе биде опфатен во новопроектираните ситуации, конкретно, станува збор за дел од улицата „24 Октомври“, дел од улицата „Младинска“ до крстосницата кај Анска река со кружниот тек и улицата „Гоце Делчев“, меѓутоа, особено значајно ќе биде решавањето на сообраќајниот хаос околу болницата, односно, улицата „Панче Пешев“. Таму, во сите можни анализи досега се укажа дека можеби единствено решение ќе биде промена на режимот на сообраќајот од двонасочен во еднонасочен, меѓутоа, пак ќе кажам, без официјалните податоци на проектантите и додека истото тоа не го потврди СВР Струмица, не можам да гарантирам за претходно кажаното. Голем проблем со паркирањето имаме и кај основното општинско училиште „Видое Подгорец“, тоа се улиците „Први Мај“ и „Дебарска“ за кои исто така анализите укажуваат дека би можело да се случи промена на режимот на сообраќајот во еднонасочен, но пак ќе повторам, ќе оставиме времето да покаже во зависност од проценките на проектантскиот тим. На улиците „Сава Ковачевиќ“ и „Јане Сандански“ сакаме да воведеме поразличен начин на паркирање, можеби, за прв пат во градот Струмица, официјално ќе го воведеме паркирањето на тротоари, се разбира дозволено, меѓутоа, сето ова е во најава и досегашните анализи го покажуваат тоа како возможно, а за конкретните решенија ќе почекаме официјално изјаснување на институциите“ - рече Узунова.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Невреме проследено со град и силен ветер го зафати Ново Село

Невреме проследено со град и силен ветер го зафати Ново Село

Дек 06, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Невреме проследено со град, силен ветер и грмотевици доцна попладнево го зафати струмичкиот регион. Во Ново Село 15-тина минути невремето било прослед...

Се продава полупрофесионална сушара

Се продава полупрофесионална сушара

Дек 06, 2021 Веб Билборд

Се продава полупрофесионална сушара „MIELE De Luxe T338“, погодна за ресторани, но и за домашна употреба. Цена 14.000 денари. Повеќе информации на: 07...

Од 9 декември пазарот „Чешел“ во Струмица ќе работи секој ден, освен недела

Од 9 декември пазарот „Чешел“ во Струмица ќе работи секој де…

Дек 06, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека пазарот за земјоделски производи „Чешел“ ќе биде отворен секој ден, освен во  недела. „Со ова ов...

10 години без легендата на македонската песна Гоце Арнаудов

10 години без легендата на македонската песна Гоце Арнаудов

Дек 06, 2021 Магазин

На денешен ден пред 10 години, (6 декември 2011), Македонија се прости со најголемата фолк ѕвезда... со секогаш насмеаниот, пријателски расположен за ...

Хуманитарна помош од Германија за деца без родители преку струмичкото здружение „DOST ELI“

Хуманитарна помош од Германија за деца без родители преку ст…

Дек 05, 2021 Вести

Во овие студени зимски денови, а во пресрет на Новогодишните празници Хуманитарната организација „AVRUPA YETİM ELİ“ од Германија преку Здружението „DO...

Владата ги „замрзна“ цените на леб, шеќер, брашно, зејтин, млеко, свежо месо...

Владата ги „замрзна“ цените на леб, шеќер, брашно, зејтин, м…

Дек 04, 2021 Вести

На денешната 124-та редовна седница, Владата донесе Одлука за определување на највисоки цени на основни прехранбени производи во трговијата на големо ...

Градоначалникот Костадинов ќе се справува со дивите продавачи, најавува секојдневни акции на надлежните служби и полицијата

Градоначалникот Костадинов ќе се справува со дивите продавач…

Дек 03, 2021 Вести

„Секој социјален момент е важен и го почитувам, но на ниту еден начин и ниту во еден момент нема да дозволам тој да доведе до неред и анархија во општ...

Во прекин бројот 193 за итни повици на Противпожарната единица во Струмица

Во прекин бројот 193 за итни повици на Противпожарната едини…

Дек 02, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека во моментот телефонскиот број за итни повици 193 е во прекин поради технички дефект. До отстра...