Струмичани се поклонија пред моштите на Свети Василиј Велики

Четврток, 14 Јануари 2016

Голем број верници уште од синоќа почнаа да ја посетуваат цркват „Свети Килил и Методиј“, во која беа изложени моштите

Струмичани се поклонија пред моштите на Свети Василиј Велики. Во чест на големиот христијански празник Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, моштите на големиот светец беа изнесени за поклонение на верниците.


Голем број верници уште од синоќа почнаа да ја посетуваат цркват „Свети Килил и Методиј“, во која беа изложени моштите, со цел да се поклонат пред нив и да се помолат за здравје за нив и за нивните семејства.


Моштите на Свети Василиј Велики, Струмица ги има уште од 1908-та година. Тука нив ги донел војник кој во тоа време бил на служба во Кападокија. Од тогаш тие грижливо биле чувани во црквата и ретко кој знаел дека постојат.


Пред дваесеттина години Струмичката епархија одлучила секој година во чест на празникот на Свети Василиј, моштите да се изложуваат со цел и верниците да имаат можност да се поклонат пред нив.


„Со доаѓањето на владиката Наум со негов благослов прв пат ги извадивме моштите бидејќи светите мошти се остатоци од свет човек, не се од обичен смртник. Незнам дали ги забележавте луѓето тајна радост имаше во нив“ - вели отец Димитар Крцев.


Во чест на големиот христијански празник вчера и денес во храмовите во Струмица се служше света Василиева литургија, а на поклонение пред моштите на столбот на светото православие, Свети Василиј Велики организирано дојдоа и голем број верници од неколку градови од државата.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Единиците на локални самоуправи од jугоисточниот регион со највисок степен на транспарентност и отчетност

Единиците на локални самоуправи од jугоисточниот регион со н…

Сеп 22, 2021 Вести

Здружението „Скај Плус“ од Струмица под палката на Фондација „Метаморфозис“, спроведе едногодишно истражување со мониторинг на општините од југоистоко...

Денеска е Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица

Денеска е Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица

Сеп 21, 2021 Магазин

Рождество на Пресвета Богородица е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници сепа...

Утре се слави Мала Богородица, струмичани од попладнево го посетуваат Манастирот во Вељуса

Утре се слави Мала Богородица, струмичани од попладнево го п…

Сеп 20, 2021 Вести

Колона од возила кон Вељуса, река од народ низ селото, манастирскиот двор преполн со верници. Утре е Рождество на Пресвета Богородица, еден од големи...

Црн густ чад кај Костурино, гореле стари гуми

Црн густ чад кај Костурино, гореле стари гуми

Сеп 20, 2021 Вести

Црн густ чад ги вознемири жителите на Костурино. Попладнево по 14 часот избувнал пожар во близина на селото Костурино, гореле стрниште и стари гуми. И...

Струмички пожарникари дел од НАТО вежба на EADRCC во охридско-струшкиот регион

Струмички пожарникари дел од НАТО вежба на EADRCC во охридск…

Сеп 20, 2021 Вести

Осум пожарникари-спасители од Противпожарната единица на Струмица, припадници на УСАР тимот (урбано пребарување и спасување), кој е во состав на Репуб...

Прекинато е водоснабдувањето во Куклиш поради дефект

Прекинато е водоснабдувањето во Куклиш поради дефект

Сеп 20, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека поради дефект на главен цефковод за довод на вода, населеното место Куклиш е без водоснабдување. Екипата...

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балада

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балад…

Сеп 19, 2021 Магазин

По пауза од скоро две години, синоќа струмичанката Александра Јанева го објави новиот повратнички сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авто...

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Dor…

Сеп 17, 2021 Магазин

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Маст...