Преку општина Струмица се исплаќат пари за штета од ланските поплави

Четврток, 14 Јануари 2016

Парталов: Зошто надлежните државни органи не ја почитуваат законската регулатива при исплатата на штетите од поплавите?

Денеска се врши исплата на дел од надоместокот за штети од поплавите кои зафатија дел од општина Струмица на 23, 24 и 30 јануари 2015 година.


На денешната прес конференција, секретарот на Општината, Кирил Парталов, рече дека надоместокот се однесува само за штетите на движни и недвижни ствари, односно, за штетите на објектите за домување и покуќнината.


„Овој пат, исплатата ќе се врши преку општина Струмица и се однесува на 52 барања, од кои на двајца подносители им е пресметан помал износ од страна на Републичката комисија за проценка на штети, а преку проценка од Бирото за судски вештачења, преку Владата на Република Македонија. Ја користиме можноста, во името на граѓаните на општина Струмица, да поставиме и неколку прашања до надлежните државни органи поврзани со штетите кои што се случија во овој регион: Зошто исплатата на надоместокот за штетите и на земјоделските површини не се одвиваше преку општина Струмица, како што налага законската регулатива? На кој начин и во кој процент од утврдената штета е исплатен надоместокот за штетите на земјоделските површини? Зошто со обесштетувањето не се опфатени сопствениците на поплавените земјоделски површини кои што беа подготвени за сеидба, а им беше утврдена штета? Дали, кога и на кој начин ќе биде исплатен надоместокот за штети за правните лица и за штетите на материјалните добра на граѓаните, како што се сточна храна, залихи од други производи складирани во нивните помошни простории?“ - праша Парталов.


Тој истовремено ги информираме граѓаните дека во наредните денови ќе биде исплатен и надоместокот од штетите настанати од невремето во селото Раборци во далечната 2010 година, со надоместок од, како што вели тој, смешни 15 проценти од проценетата штета.


„Сакам да потенцирам дека делот на проценката и транспарентноста за текот на целокупниот процес, што беше во надлежност на Општината, општина Струмица го реализираше професионално и во согласност со важечките законски процедури, а сите недоследности и пропусти одат на адреса на надлежните државни органи и Владата на Република Македонија“ - додаде Парталов.


Одговарајќи на новинарско прашање, колкави се износите на штетите на деловните субјекти и на граѓаните, Парталов рече дека согласно елаборатот кој што беше изготвен од Комисијата за проценка на штети при општина Струмица, а формирана од Советот на општина Струмица, проценката на штетите на деловните субјекти изнесува 34.700.000 денари која што до денеска не е исплатена, а проценката за штетата на граѓаните е 60.800.000 денари.


„Како што веќе реков, денеска, ќе се исплати надоместок на 52 граѓани во износ од само три милиони денари, а се однесува на штетите за покуќнината што ја имаа граѓаните“ - рече на крајот од денешната прес конференција, Кирил Парталов.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балада

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балад…

Сеп 19, 2021 Магазин

По пауза од скоро две години, синоќа струмичанката Александра Јанева го објави новиот повратнички сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авто...

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Dor…

Сеп 17, 2021 Магазин

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Маст...

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Сеп 17, 2021 Магазин

Имунитетски производи - Имунитет - Аптеки „Еликсир“ Нашиот имунитет е важен за нашиот опстанок. Имунолошкиот систем функционира нормално кога ги пре...

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за Противпожарната единица

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техник…

Сеп 16, 2021 Вести

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за зајакнување на капацитетите на Територијалната професионална противпожарна единица, о...

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како пос…

Сеп 15, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од Министерството за здравство информираат дека во изминатите 24 часа пријавени се 32 починати лица како последица на Ковид-19, меѓу кои и четворица о...

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен терен ќе се пренесуваат на познатиот спортски канал „Sport Klub“

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен тере…

Сеп 14, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ФК „Академија Пандев“ објавија дека натпреварите од Првата македонска фудбалска лига кои овој клуб ќе ги игра на домашен терен ќе се емитуваат во ж...

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ на претстојните Локални избори

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ н…

Сеп 14, 2021 Вести

Општинската организација на СДСМ во Струмица ја објави листата на членови на Советот на општина Струмица за Локалните избори кои ќе се одржат на 17 ок...

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на ФКТ „Ристо Шишков 2021“

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро …

Сеп 14, 2021 Вести

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 29-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Ст...