Струмица и Софија разменија искуства од областа на паркирањето

Четврток, 14 Јануари 2016

Во рамките на посетата беа презентирани веќе развиените новитети во Софија во делот на паркирањето, а се одржа и средба со бордот на директори

Претставници на ЈП „Паркиралишта Струмица“ престојуваа во дводневна посета на Центарот за градска мобилност на Софија, Република Бугарија. Посетата се реализираше на покана на директорот на Центарот, Симеон Арнаудов, а главната цел беше размена на искуства во делот на паркирањето.


„Имајќи во предвид дека Струмица го понуди најдоброто од нашата земја на своите сограѓани во делот на паркирањето изминатиов период, имаме обврска како менаџерски тим да ги разгледаме и искуствата од поразвиените градови, за да можеме да одговориме на предизвиците кои ни претстојат во делот на проширувањето на паркинг зоните, воведувајќи олеснување на сообраќајот во мирување. Софија е милионски град и веќе години наназад функционира организираното зонско паркирање без никаков проблем. Бидејќи во многу нешта постојат сличности во системите на плаќање, издавање дозволи и комплетното организирање на паркинг просторите, мене ми претставува посебна сатисфакција признанието од страна на г-динот Арнаудов дека Струмица успеала да имплеменира систем кој по начинот и видот е препознатлив за големи метрополи“ - истакна Верица Узунова, директор на ЈП „Паркиралишта Струмица“.


Во рамките на посетата беа презентирани веќе развиените новитети во Софија во делот на паркирањето, а се одржа и средба со бордот на директори на Центарот за градска мобилност, во чиј склоп влегува и јавниот превоз.

 

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балада

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балад…

Сеп 19, 2021 Магазин

По пауза од скоро две години, синоќа струмичанката Александра Јанева го објави новиот повратнички сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авто...

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Dor…

Сеп 17, 2021 Магазин

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Маст...

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Сеп 17, 2021 Магазин

Имунитетски производи - Имунитет - Аптеки „Еликсир“ Нашиот имунитет е важен за нашиот опстанок. Имунолошкиот систем функционира нормално кога ги пре...

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за Противпожарната единица

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техник…

Сеп 16, 2021 Вести

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за зајакнување на капацитетите на Територијалната професионална противпожарна единица, о...

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како пос…

Сеп 15, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од Министерството за здравство информираат дека во изминатите 24 часа пријавени се 32 починати лица како последица на Ковид-19, меѓу кои и четворица о...

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен терен ќе се пренесуваат на познатиот спортски канал „Sport Klub“

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен тере…

Сеп 14, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ФК „Академија Пандев“ објавија дека натпреварите од Првата македонска фудбалска лига кои овој клуб ќе ги игра на домашен терен ќе се емитуваат во ж...

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ на претстојните Локални избори

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ н…

Сеп 14, 2021 Вести

Општинската организација на СДСМ во Струмица ја објави листата на членови на Советот на општина Струмица за Локалните избори кои ќе се одржат на 17 ок...

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на ФКТ „Ристо Шишков 2021“

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро …

Сеп 14, 2021 Вести

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 29-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Ст...