Погледнете ги предлозите за Спомен обележје на загинатите во хеликоптерската несреќа

Вторник, 12 Јануари 2016

За спомен обележјето на загинатите во хеликоптерската несреќа доставени се три идејни решенија

По распишаниот нов конкурс за изработка на идеен проект за подигање спомен обележје на загинатите членови на екипажот од хеликоптерската единица на МВР доставени се три идејни решенија.


Одборот за подигање спомен обележја на општина Струмица, неодамна одржа седница на која ги разгледа истите и според Петар Божинов, претседател на Одборот за подигање на спомен – обележја, конечната одлука ќе биде донесена до крајот на овој месец.


„Како претседател на овој Одбор сакам да ја информирам струмичката јавност дека по распишаниот конкурс пристигнаа три идејни решенија под шифрите „Егзипери“, „Небо“ и „Идеја“. Водејќи се од принципот за транспарентно работење и одлучување, овозможуваме со помош на медиумите овие три идејни решенија да ги имате на показ. Одборот за подигање спомен обележја по дополнителна консултација со стручни и компетентни лица и ценејќи го мислењето на јавноста, кон крајот на овој месец ќе донесе конечна одлука за избор на идејно решение, за да може истото да биде реализирано како финален проект“ - рече Божинов.


Спомен – обележјето се подига во чест на Драги Мицев, Марјан Трајковиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички кои ги загубија животите во хеликоптерската несреќа која што се случи на 10 јули 2014-та година, кај Индустриската зона „Север“ во Струмица.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балада

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балад…

Сеп 19, 2021 Магазин

По пауза од скоро две години, синоќа струмичанката Александра Јанева го објави новиот повратнички сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авто...

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Dor…

Сеп 17, 2021 Магазин

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Маст...

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Сеп 17, 2021 Магазин

Имунитетски производи - Имунитет - Аптеки „Еликсир“ Нашиот имунитет е важен за нашиот опстанок. Имунолошкиот систем функционира нормално кога ги пре...

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за Противпожарната единица

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техник…

Сеп 16, 2021 Вести

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за зајакнување на капацитетите на Територијалната професионална противпожарна единица, о...

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како пос…

Сеп 15, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од Министерството за здравство информираат дека во изминатите 24 часа пријавени се 32 починати лица како последица на Ковид-19, меѓу кои и четворица о...

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен терен ќе се пренесуваат на познатиот спортски канал „Sport Klub“

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен тере…

Сеп 14, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ФК „Академија Пандев“ објавија дека натпреварите од Првата македонска фудбалска лига кои овој клуб ќе ги игра на домашен терен ќе се емитуваат во ж...

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ на претстојните Локални избори

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ н…

Сеп 14, 2021 Вести

Општинската организација на СДСМ во Струмица ја објави листата на членови на Советот на општина Струмица за Локалните избори кои ќе се одржат на 17 ок...

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на ФКТ „Ристо Шишков 2021“

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро …

Сеп 14, 2021 Вести

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 29-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Ст...