Трансферот на Горан Пандев најдобар зимски трансфер за 2010-та

Петок, 08 Јануари 2016

Според „Газета Дело Спорт“, на листата на најдобрите зимски засилувања во изминатите 10 години, се најде и името на нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев

Македонската фудбалска ѕвезда, струмичанецот Горан Пандев, го доби признанието на најтиражниот и престижниот италијански спортски весник „Газета Дело Спорт“, кој го прогласи трансферот на нашиот интернационалец како најдобар во јануарскиот преоден рок во 2010-та година.


Според „Газета Дело Спорт“, на листата на најдобрите зимски засилувања во изминатите 10 години, се најде и името на нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев, кој бил последниот дел од машинеријата на Мурињо, кога Интер ја освои тројната круна, односно Скудетото, Копа Италија и Лигата на шампионите.


Пандев речиси целата своја сениорска кариера ја мина во Италија, со исклучок на периодот минат во Галатасарај, по што се врати во Серија А во тимот на Џенова, но сега постојат најави дека тој одново би можел да направи трансфер, поради разочарувачките игри кои ги прикажа во новиот тим.


„Кога Горан Пандев пристигна во Интер, тој немаше играно цели шест месеци во Лацио поради војната со Клаудио Лотито (претседател на Лацио). Но, и покрај тоа, Мурињо веднаш го стави во првиот тим и дебитираше со Киево, а во следните четири натпревари беше одлучувачки фактор. Му асистираше на Самуел за победа над Сиена, постигна гол против Каљари, а особено важен беше победничкиот пенал против Милан. Поради него Мурињо ја направи формацијата 4-2-3-1, поради што го жртвуваше дури и Ето и на крајот стигна до трофејот во Лигата на шампиони. Еден од клучните потези, а не чинеше воопшто“ - пишува во образложението на „Газета Дело Спорт“.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Единиците на локални самоуправи од jугоисточниот регион со највисок степен на транспарентност и отчетност

Единиците на локални самоуправи од jугоисточниот регион со н…

Сеп 22, 2021 Вести

Здружението „Скај Плус“ од Струмица под палката на Фондација „Метаморфозис“, спроведе едногодишно истражување со мониторинг на општините од југоистоко...

Денеска е Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица

Денеска е Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица

Сеп 21, 2021 Магазин

Рождество на Пресвета Богородица е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници сепа...

Утре се слави Мала Богородица, струмичани од попладнево го посетуваат Манастирот во Вељуса

Утре се слави Мала Богородица, струмичани од попладнево го п…

Сеп 20, 2021 Вести

Колона од возила кон Вељуса, река од народ низ селото, манастирскиот двор преполн со верници. Утре е Рождество на Пресвета Богородица, еден од големи...

Црн густ чад кај Костурино, гореле стари гуми

Црн густ чад кај Костурино, гореле стари гуми

Сеп 20, 2021 Вести

Црн густ чад ги вознемири жителите на Костурино. Попладнево по 14 часот избувнал пожар во близина на селото Костурино, гореле стрниште и стари гуми. И...

Струмички пожарникари дел од НАТО вежба на EADRCC во охридско-струшкиот регион

Струмички пожарникари дел од НАТО вежба на EADRCC во охридск…

Сеп 20, 2021 Вести

Осум пожарникари-спасители од Противпожарната единица на Струмица, припадници на УСАР тимот (урбано пребарување и спасување), кој е во состав на Репуб...

Прекинато е водоснабдувањето во Куклиш поради дефект

Прекинато е водоснабдувањето во Куклиш поради дефект

Сеп 20, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека поради дефект на главен цефковод за довод на вода, населеното место Куклиш е без водоснабдување. Екипата...

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балада

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балад…

Сеп 19, 2021 Магазин

По пауза од скоро две години, синоќа струмичанката Александра Јанева го објави новиот повратнички сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авто...

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Dor…

Сеп 17, 2021 Магазин

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Маст...