Со зонското паркирање ќе бидат офатени уште неколку улици во градот

Петок, 08 Јануари 2016

Пред да се отпочне со организирањето ќе бидат извршени мерења на протокот на сообраќај, анкети и студии таму каде што ќе биде неопходно

Согласно донесената Одлука за дополнување на Одлуката за определување на зонско паркирање на подрачјето на град Струмица, на последната седница на Советот на општина Струмица се опфатија и улиците: „Дебарска“, „1-ви Мај“, „Васил Сурчев“, „Братство Единство“, „24- ти Октомври“, „Младинска“ (од Медицински центар до кружен тек на бул.„Гоце Делчев”) „Панче Пешев“ (од крстосница со ул.„ Младинска” до крстосница со ул.„Братство Единство”) „Ванчо Китанов“, „Јане Сандански“ и улица „Сава Ковачевиќ“.


Бидејќи станува збор за поголем опфат на улици, организирањето на паркирањето ќе се врши етапно, по фази во зависност од обемот и потребата од регулирањето на собраќајот во мирување.


Пред да се отпочне со организирањето ќе бидат извршени мерења на протокот на сообраќај, анкети и студии таму каде што ќе биде неопходно, а истите ќе дадат одговори за начинот, односно потребата од паркирање или ограничување на истото.


„Станува збор за делови од градот кои се густо населени со жители и во кои се наоѓаат основни и средни училишта, градинка и болница. Во таа насока интенцијата во организацијата на паркингот нема да биде само наплата на паркинг местата, таму каде што условите ќе дозволат, туку пред се овозможување поголема мобилност на граѓаните. Како предуслов за решавање на паркирањето во градско подрачје се наметнува потребата од физичко обезбедувањето на тротоарите за намената за кои се изградени. Досегашната пракса покажа дека тротоарите најчесто се користеа за паркирање на моторни возила. Во таков случај пешаците се движат или помеѓу паркираните возила или по коловозните ленти, при што дополнително го усложнуваат одвивањето на сообракајот. Освен успорувањето и хаосот во сообраќајот на гореспоменатите улици каде на исти сообраќајни површини (коловозни ленти и тротоари) се наоѓаат и возилата и пешаците, сообракајот се одвива со низок степен на безбедност, со големи застои, стихијно и хаотично. Повикани сме како претпријатие да понудиме решение и тоа согласно законските регулативи ќе се потрудиме да го извршиме во интерес на сите засегнати граѓани“ - вели Верица Узунова, директор на ЈП „Паркиралишта Струмица“.

 

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балада

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балад…

Сеп 19, 2021 Магазин

По пауза од скоро две години, синоќа струмичанката Александра Јанева го објави новиот повратнички сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авто...

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Dor…

Сеп 17, 2021 Магазин

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Маст...

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Сеп 17, 2021 Магазин

Имунитетски производи - Имунитет - Аптеки „Еликсир“ Нашиот имунитет е важен за нашиот опстанок. Имунолошкиот систем функционира нормално кога ги пре...

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за Противпожарната единица

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техник…

Сеп 16, 2021 Вести

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за зајакнување на капацитетите на Територијалната професионална противпожарна единица, о...

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како пос…

Сеп 15, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од Министерството за здравство информираат дека во изминатите 24 часа пријавени се 32 починати лица како последица на Ковид-19, меѓу кои и четворица о...

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен терен ќе се пренесуваат на познатиот спортски канал „Sport Klub“

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен тере…

Сеп 14, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ФК „Академија Пандев“ објавија дека натпреварите од Првата македонска фудбалска лига кои овој клуб ќе ги игра на домашен терен ќе се емитуваат во ж...

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ на претстојните Локални избори

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ н…

Сеп 14, 2021 Вести

Општинската организација на СДСМ во Струмица ја објави листата на членови на Советот на општина Струмица за Локалните избори кои ќе се одржат на 17 ок...

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на ФКТ „Ристо Шишков 2021“

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро …

Сеп 14, 2021 Вести

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 29-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Ст...