Младите струмичани сакаат рекреативен центар со затворен базен

Сабота, 21 Ноември 2015

Младите интернет активисти од Струмица, ја издвои потребата од изградба на затворен базен во градот и за таа намена изработија и макета

Стотина млади струмичани беа дел од едукативна работилница од втората фаза на проектот „е-Енгејџмент“ на Младински Сојуз, кој има за цел подигање на свеста и развивање на нови вештини и знаења за употреба на можностите и придобивките кои ги нудат новите дигитални технологии.


На работилницата која се одржа во хотелот „Есперанто“, младите учеа како преку интернет да дојдат до вистинските информации, да формираат мислење, да ги изразат своите сопствени ставови како и да придонесат за позитивни промени во општеството, без разлика дали дејствуваат во нивно лично име, преку училиште или преку одредена младинска група.


На овие работилници младите учат дека интернетот, освен за користење на социјалните мрежи, може да се искористи за креирање на секојдневниот живот и за покренување на активизам за подобрување на секојдневниот живот.


Така, младите интернет активисти од Струмица, ја издвои потребата од изградба на затворен базен во градот и за таа намена изработија и макета што е производ на нивната имагинација и голема желба за ваков рекреативен центар во градот. Тие покренаа иницијатива за искористување на празните простории во НУЦК „Антон Панов“, преку отворање културен едукативен центар „КУЛ-ЕДУ Центар“. Меѓу идеите на група средношколци беше и „Читална на свеж воздух“, како и други интересни предлози на младите од Струмица.


Младински Сојуз втора година го организира овој проект со поддршка на Фондацијата е-Македонија преку работилници низ неколку градови во Македонија.


Минатата есен беа организирани четири работилници во четири градови низ Македонија, а годинава се реализираат 12 еднодневни работилници во 12 градови: Гостивар, Кавадарци, Куманово, Крушево, Струга, Вевчани, Свети Николе, Делчево, Кратово, Струмица, Гевгелија и Штип.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Единиците на локални самоуправи од jугоисточниот регион со највисок степен на транспарентност и отчетност

Единиците на локални самоуправи од jугоисточниот регион со н…

Сеп 22, 2021 Вести

Здружението „Скај Плус“ од Струмица под палката на Фондација „Метаморфозис“, спроведе едногодишно истражување со мониторинг на општините од југоистоко...

Денеска е Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица

Денеска е Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица

Сеп 21, 2021 Магазин

Рождество на Пресвета Богородица е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници сепа...

Утре се слави Мала Богородица, струмичани од попладнево го посетуваат Манастирот во Вељуса

Утре се слави Мала Богородица, струмичани од попладнево го п…

Сеп 20, 2021 Вести

Колона од возила кон Вељуса, река од народ низ селото, манастирскиот двор преполн со верници. Утре е Рождество на Пресвета Богородица, еден од големи...

Црн густ чад кај Костурино, гореле стари гуми

Црн густ чад кај Костурино, гореле стари гуми

Сеп 20, 2021 Вести

Црн густ чад ги вознемири жителите на Костурино. Попладнево по 14 часот избувнал пожар во близина на селото Костурино, гореле стрниште и стари гуми. И...

Струмички пожарникари дел од НАТО вежба на EADRCC во охридско-струшкиот регион

Струмички пожарникари дел од НАТО вежба на EADRCC во охридск…

Сеп 20, 2021 Вести

Осум пожарникари-спасители од Противпожарната единица на Струмица, припадници на УСАР тимот (урбано пребарување и спасување), кој е во состав на Репуб...

Прекинато е водоснабдувањето во Куклиш поради дефект

Прекинато е водоснабдувањето во Куклиш поради дефект

Сеп 20, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека поради дефект на главен цефковод за довод на вода, населеното место Куклиш е без водоснабдување. Екипата...

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балада

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балад…

Сеп 19, 2021 Магазин

По пауза од скоро две години, синоќа струмичанката Александра Јанева го објави новиот повратнички сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авто...

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Dor…

Сеп 17, 2021 Магазин

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Маст...