Градоначалникот Зоран Заев во посета на Копер, Словенија

Петок, 20 Ноември 2015

Градоначалникот Заев, на средбата ја потенцирана и подготвеноста на општината за инвестициони вложувања, како на странските, така и на домашните инвеститори

Општините Струмица и Копер од Република Словенија ја продлабочуваат соработката која што започна во 2008 година. Градоначалниците Зоран Заев и Борис Поповиќ остварија средба во Копер, на која разменија искуства од работењето на општините со посебен акцент на позитивните практики кои го забрзаа нивниот развој и ги ставија на врвот, а се разгледуваа и нови можности за проширување на соработката.


Градоначалникот Заев, кој повеќе од една декада ја води општина Струмица, пред домаќините ги презентираше придобивките од проектот гасификација, кој ја направи Струмица првата гасифицирана општина во Македонија, подземниот паркинг простор на плоштадот „Гоце Делчев“, кој придонесе во решавањето на проблемот со паркирањето, но и други реализирани проекти кои значително го подобрија животот на граѓаните.


Градоначалникот Заев, на средбата ја потенцирана и подготвеноста на општината за инвестициони вложувања, како на странските, така и на домашните инвеститори, кои ќе го забрзаат локалниот економски развој и ќе го подобрат стандардот на граѓаните, а се разговараше и за младите и спортот и големата поддршка што им ја даваат и двете општини.


Градоначалникот на Копер, Борис Поповиќ, ја посети општина Струмица во 2008 година, а три години подоцна во возвратна посета беше и градоначалникот Заев.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Единиците на локални самоуправи од jугоисточниот регион со највисок степен на транспарентност и отчетност

Единиците на локални самоуправи од jугоисточниот регион со н…

Сеп 22, 2021 Вести

Здружението „Скај Плус“ од Струмица под палката на Фондација „Метаморфозис“, спроведе едногодишно истражување со мониторинг на општините од југоистоко...

Денеска е Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица

Денеска е Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица

Сеп 21, 2021 Магазин

Рождество на Пресвета Богородица е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници сепа...

Утре се слави Мала Богородица, струмичани од попладнево го посетуваат Манастирот во Вељуса

Утре се слави Мала Богородица, струмичани од попладнево го п…

Сеп 20, 2021 Вести

Колона од возила кон Вељуса, река од народ низ селото, манастирскиот двор преполн со верници. Утре е Рождество на Пресвета Богородица, еден од големи...

Црн густ чад кај Костурино, гореле стари гуми

Црн густ чад кај Костурино, гореле стари гуми

Сеп 20, 2021 Вести

Црн густ чад ги вознемири жителите на Костурино. Попладнево по 14 часот избувнал пожар во близина на селото Костурино, гореле стрниште и стари гуми. И...

Струмички пожарникари дел од НАТО вежба на EADRCC во охридско-струшкиот регион

Струмички пожарникари дел од НАТО вежба на EADRCC во охридск…

Сеп 20, 2021 Вести

Осум пожарникари-спасители од Противпожарната единица на Струмица, припадници на УСАР тимот (урбано пребарување и спасување), кој е во состав на Репуб...

Прекинато е водоснабдувањето во Куклиш поради дефект

Прекинато е водоснабдувањето во Куклиш поради дефект

Сеп 20, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека поради дефект на главен цефковод за довод на вода, населеното место Куклиш е без водоснабдување. Екипата...

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балада

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балад…

Сеп 19, 2021 Магазин

По пауза од скоро две години, синоќа струмичанката Александра Јанева го објави новиот повратнички сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авто...

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Dor…

Сеп 17, 2021 Магазин

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Маст...