Општини од Косово ќе учат од Струмица за учеството на граѓаните во носењето на локални одлуки

Четврток, 19 Ноември 2015

На претставниците на ОБСЕ им беше презентиран целиот процес на градење на консултациите со граѓаните уште од 2005 година

Како најдобра општина во Република Македонија, по партиципативното учество на граѓаните во креирањето на буџетот и носењето на одлуки на локално ниво, Струмица ќе ги пренесува своите позитивни практики на општините од Косово.


Ова споделување на искуствата ќе се врши на нивно барање, откако во прирачникот за граѓанско учество кој што го подготви мисијата на ОБСЕ во Скопје, Струмица е нотирана како општина со најдобра практика во оваа област.


Во рамките на подготовките за конференцијата, која што на 28 ноември ќе се одржи во Охрид, а на тема „Учество на граѓаните при носење на одлуки на локално ниво“, општина Струмица ја посетија претставници на мисиите на ОБСЕ во Македонија и Косово.


На средбата со секретарот на општината, Кирил Парталов и раководителот на Одделението за локален економски развој, Тони Милушев, се разговараше за позитивните практики на општина Струмица и како тие да се применат во единиците на локалната самоуправа во Косово.


На претставниците на ОБСЕ им беше презентиран целиот процес на градење на консултациите со граѓаните уште од 2005 година, како прва општина со партиципативен буџет и начинот на вклучување на граѓаните во креирањето на локалните политики, особено во донесувањето на стратешките документи.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Единиците на локални самоуправи од jугоисточниот регион со највисок степен на транспарентност и отчетност

Единиците на локални самоуправи од jугоисточниот регион со н…

Сеп 22, 2021 Вести

Здружението „Скај Плус“ од Струмица под палката на Фондација „Метаморфозис“, спроведе едногодишно истражување со мониторинг на општините од југоистоко...

Денеска е Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица

Денеска е Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица

Сеп 21, 2021 Магазин

Рождество на Пресвета Богородица е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници сепа...

Утре се слави Мала Богородица, струмичани од попладнево го посетуваат Манастирот во Вељуса

Утре се слави Мала Богородица, струмичани од попладнево го п…

Сеп 20, 2021 Вести

Колона од возила кон Вељуса, река од народ низ селото, манастирскиот двор преполн со верници. Утре е Рождество на Пресвета Богородица, еден од големи...

Црн густ чад кај Костурино, гореле стари гуми

Црн густ чад кај Костурино, гореле стари гуми

Сеп 20, 2021 Вести

Црн густ чад ги вознемири жителите на Костурино. Попладнево по 14 часот избувнал пожар во близина на селото Костурино, гореле стрниште и стари гуми. И...

Струмички пожарникари дел од НАТО вежба на EADRCC во охридско-струшкиот регион

Струмички пожарникари дел од НАТО вежба на EADRCC во охридск…

Сеп 20, 2021 Вести

Осум пожарникари-спасители од Противпожарната единица на Струмица, припадници на УСАР тимот (урбано пребарување и спасување), кој е во состав на Репуб...

Прекинато е водоснабдувањето во Куклиш поради дефект

Прекинато е водоснабдувањето во Куклиш поради дефект

Сеп 20, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека поради дефект на главен цефковод за довод на вода, населеното место Куклиш е без водоснабдување. Екипата...

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балада

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балад…

Сеп 19, 2021 Магазин

По пауза од скоро две години, синоќа струмичанката Александра Јанева го објави новиот повратнички сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авто...

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Dor…

Сеп 17, 2021 Магазин

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Маст...