Зонско паркирање: Една година успешна приказна

Четврток, 05 Ноември 2015

Оправданоста, придобивките и идните планови, ги презентираше Верица Узунова, директор на ЈП „Паркиралишта Струмица“

Скромно, но гордо на постигнатите резултати, денеска, јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ги презентираше оправданоста, придобивките и идните планови, а по повод една година од реализацијата на Зонското паркирање во општина Струмица.


На презентацијата во хотелот „Глигоров“ присуствуваа градоначалникот Зоран Заев, претседателот Јосиф Христов и членови на Советот на општина Струмица, претставници на општинската администрација и јавните претпријатија, бизнис секторот и граѓани.


Оправданоста, придобивките и идните планови, ги презентираше Верица Узунова, директор на ЈП „Паркиралишта Струмица“.

 


„Иако по многу нешта како град отскокнуваме од сите останати градови во Република Македонија, секогаш први во создавањето на добрата и вредностите, изминатиов период покажавме дека како граѓани на Струмица нема лесни работи за кои тежината е достоинствена. Отстапивме од секојдневните навики, видените рутини, реалниот комфор и покажавме дека самодисциплината може да ја покачиме на ниво кое заслужува почит и пофалба. Општествено дозволениот егоизам го преточивме во реална грижа, поистоветувајки се со потребите на соседите, занаетчиите, таксистите, луѓето со посебни потреби, пешаците.... генерално, со потребите на сите чинители во сообраќајот“ - рече Узунова.


Градоначалникот Зоран Заев во изјавата за медиумите потенцираше дека тој, лично, е задоволен од реализацијата на овој проект затоа што „Паркиралишта Струмица“ иако младо претпријатие реши голем проблем во општина Струмица.

 


„Јас сум среќен како градоначалник, заради тоа што едно крупно прашање во градот Струмица е решено и тоа на задоволство на сите граѓани. Драго ми е што ова јавно претпријатие кое што е младо и сопственост на сите нас, граѓаните на општина Струмица и тоа стопроцентна сопственост, живее од самостојни приходи, без било какви приходи, има две значајни дејности, покрај паркинзите тоа е одржувањето на уличното осветлување кое покрај неговата одржливост предизвикува и огромни заштеди на буџетот на општина Струмица. Во делот на јавното осветлување, општина Струмица годишно штеди помеѓу два и четири милиони денари од самата одлука да ги предадеме услугите за одржување на јавното осветлување на јавното претпријатие, но секако заштедата е една работа на буџетот, а втората или подеднаквата дејност, паркиралишта или зонското паркирање, навистина предизвикува одржливост и која што овозможува дури можеби и скромен процент, но сепак многу значаен да овозможува донација за детските градинки согласно одлука донесена на Совет, а на предлог на јавното претпријатие. Ова го кажувам за да знаат граѓаните дека навистина се гордеам од причини со ова јавно претпријатие и знам дека тоа што е создадено е за бенефит и трајно добро на сите граѓани на општина Струмица“ - рече градоначалникот Заев.


Имајќи ја секогаш во прв план грижата за корисниците на паркинг услугите, јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ издвои 12 корисници на зонското паркирање кои најмногу паркирале изминатиов период и ги прогласи за лојални корисници.


Бидејќи станува збор за корисници кои во просек паркирале по околу 200 пати претпријатието одлучи да ги субвенционира со 10 % од износот потрошен за паркирање изминатата година и да им додели ваучери за паркирање за наредниот период.


ФОТОГАЛЕРИЈА

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„Happy Pluto Pizza Factory“ итно има потреба од работничка

„Happy Pluto Pizza Factory“ итно има потреба од работничка

Јун 16, 2021 Веб Билборд

„Happy Pluto Pizza Factory“ Струмица итно има потреба од девојка за работна позиција помошничка на пица мајстор. Пријавување и повеќе информации на: 0...

Актерите од струмичкиот театар утре два часа ќе ја блокираат раскрсницата пред зградата на Општина Струмица

Актерите од струмичкиот театар утре два часа ќе ја блокираат…

Јун 15, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Иницијативниот одбор на иницијативата „Култура или Фис-култура“ ја информира струмичката јавност дека утре, (среда, 16 јуни), од 11:00 до 13:00 часот ...

Се отвораат карневалите низ Европа, струмички карневалисти на карневал во Албанија

Се отвораат карневалите низ Европа, струмички карневалисти н…

Јун 13, 2021 Вести

Струмичкиот карневал и традицијата на градот под Царевите кули претставени пред публиката во Албанија. На покана од Центарот за уметност и култура-те...

„Angels“ бара девојка за работа во бутикот

„Angels“ бара девојка за работа во бутикот

Јун 13, 2021 Веб Билборд

„Angels“ бара девојка за работа во бутикот. Пријавување на Facebook и Instagram профилите на бутикот: www.facebook.com/AngelsStrumica www.instagram...

Отворена канцеларија на премиерот Зоран Заев во Струмица за непосредни средби со граѓаните

Отворена канцеларија на премиерот Зоран Заев во Струмица за …

Јун 12, 2021 Вести

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска во Струмица ја отвори Канцеларијата за непосреден контакт со граѓаните. ...

Трет ден блокада во центарот на Струмица

Трет ден блокада во центарот на Струмица

Јун 10, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Трет ден блокирана главната раскрсница пред ТЦ „Глобал“ во Струмица. Блокадите кои ги има во повеќе градови во терминот од 15 до 17 часот се организир...

Струмичката полиција приведе 36-годишен жител од Василево, кај него пронајдено марихуана и малолетничка која живеела во неговиот дом

Струмичката полиција приведе 36-годишен жител од Василево, к…

Јун 09, 2021 Вести

Денеска во Василево, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Т.М.(36) од Василево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска на...

„Да и девојките играат фудбал“ - промовирана родовата еднаквост во фудбалот

„Да и девојките играат фудбал“ - промовирана родовата еднакв…

Јун 08, 2021 Вести

Во организација на ЖФК „Тиверија“, а со поддршка на градоначалникот и Советот на општина Струмица, денеска во спортската сала на СОУ „Димитар Влахов“ ...