Прес реакција од ОО на СДСМ во Струмица

Среда, 04 Ноември 2015

Од Општинската организација на СДСМ во Струмица, по денешната прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ - Струмица со реакција на изјавата

Од Општинската организација на СДСМ во Струмица, по денешната прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ - Струмица, со реакција на изјавата на Зоран Пакетов во врска со доаѓањето на „Џонсон Контролс“ во Струмица.

 

Интегрален текст од прес конференцијата:


„Никола Груевски нема поголема болка од градоначалникот на Струмица и претседател на СДСМ, Зоран Заев.


Премиерот во заминување не може да се помири со успесите на општина Струмица:


- Единствената незадолжена општина во државата,


- Со најголем кредитен рејтинг,


- Со најдобро деловно опкружување,


- Со најголемо искористување на европските ИПАРД фондови за меѓугранична соработка,


- Со најдобри практики на транспарентно работење, со сите граѓани и исклучиво во нивен интерес,


- Најеколошката општина,


- Единствената системски гасифицирана општина,


- Најдоброто место за живеење во Македонија.


Општина Струмица е рак рана за Никола Груевски, кој во овие успеси го препознава сопствениот неуспех.


И Груевски знае, ако цветаа инвестиции и бизниси во Македонија, немаше Светска банка да го изнесе фрапантниот податок за над 600.000 луѓе кои ја напуштиле Македонија, од кои најголем број млади. Затоа Никола Груевски има потреба да ветува проекти во најава, да се расфрлува со нереални очекувања и бројки и да критикува.


Соработниците на ВМРО-ДПМНЕ на погрешна адреса ги упатија денеска нивните забелешки. Ги пренасочуваме кај нивниот налогодавач да препрашаат:


- Зошто го избркаа Стијафилко, да не инвестира во Струмица?


- Дали компаниите кои имаат купено земјиште во индустриската зона Сачево не ги реализираат своите инвестиции поради лошата економска клима?


-Зошто го премолчуваат ангажманот на општина Струмица и градоначалникот Заев за Агрокор?


- Зошто Вистеон Електроникс си заминува од Бунарџик?


- Зошто Груевски молчи за смртта на вработени во некои компании или дозволува и по 8 месеци да не земат плата во други?


- Дали се злоупотребува владина помош за странските инвеститори, бидејки вакви случаи се предмет на ревизија?


Струмица и Македонија знаат кој е кој и кој што прави за граѓаните. Времето на лагите на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ помина“ - изјави Костадин Костадинов, член на Извршен одбор при ОО на СДСМ Струмица.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„Комуналец“ им препорачува на граѓаните сметките за вода да ги уплаќаат во наплатните пунктови во Струмица

„Комуналец“ им препорачува на граѓаните сметките за вода да …

Авг 12, 2020 Вести

Поради заштита на уплатите од сметките за вода и избегнување на несакани компликации од затворање на една од банките во државата од страна на НБМ, ЈПК...

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите кули, некои со велосипед, некои пеш

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите к…

Авг 12, 2020 Вести

Околу стотина посетители синоќа рекреативно се искачија на еден од најпознатите локалитети во Струмица - Цареви кули. Најголемиот симбол на градот и г...

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица и еден од Вељуса

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица…

Авг 12, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 139 нови случаи со ковид-19 од направените 1627 тестови, меѓу нив и д...

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки“, кажа Јаневски отворајќи ја 57-та Струмичка ликовна колонија

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот с…

Авг 11, 2020 Вести

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки кои го менуваат нормалниот тек на живеење. Во ова време - невреме кога...

Почна „Струмица ОПЕН фестивал 2020“, со поинаква приказна

Почна „Струмица ОПЕН фестивал 2020“, со поинаква приказна

Авг 11, 2020 Вести

Под мотото „Поинаква приказна“ во Струмица започна 9-то издание на „Струмица ОПЕН фестивал 2020“. Поради пандемијата со коронавирусот фестивалот ова г...

Исчезнат е 56-годишен маж од Струмица, полицијата трага по него

Исчезнат е 56-годишен маж од Струмица, полицијата трага по н…

Авг 10, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

СВР Струмица информира дека синоќа во 22:45 часот во Полициската станица, К.А. (30) од Струмица пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко А.А...

Компанијата „Екофризер“ од Струмица вработува

Компанијата „Екофризер“ од Струмица вработува

Авг 10, 2020 Веб Билборд

„Екофризер“ е македонска дистрибутивна компанија која работи како генерален застапник за производите Лакталис, ВеМилк и Вива сокови за југоисточна Мак...

Тешко повреден тракторист, излетал од патот и паднал во дол

Тешко повреден тракторист, излетал од патот и паднал во дол

Авг 10, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 07:30 часот, на шумски пат викан „Безгаштовски пат“, помеѓу Струмица и Берово, на планината Огражден, С.В. (31...