Струмичкото ВМРО-ДПМНЕ за доаѓањето на „Џонсон Контролс“ во Струмица

Среда, 04 Ноември 2015

По вчерашната најава од Владата за отворање фабрика на „Џонсон Контролс“ и во Струмица, со инвестиција од 20 милиони долари и 1500 нови вработувања

По вчерашната најава од Владата за отворање фабрика на „Џонсон Контролс“ и во Струмица, со инвестиција од 20 милиони долари и 1500 нови вработувања, денеска и од струмичкото ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, заедно со пратеници и советници, го најавија доаѓањето на „Џонсон Контролс“ во Струмица.


„Грижата за Струмица и струмичани се покажува со конкретни дела и проекти. Конкретни дела и конкретни проекти со кои директно се подобрува животот на граѓаните на Струмица. Посветената работа и реализација на проекти за Струмица и струмичани од страна на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски, вчера уште еднаш беше потврдена со веста од Владата за странската инвестиција на американската компанија „Џонсон Контролс“ во Струмица“ - рече на денешната прес конференција, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Зоран Пакетов.


Тој потенцираше дека отворањето на фабриката на „Џонсон Контролс“ и 1500-те нови вработувања, значат директна придобивка за над 1500 семејства од струмичкиот регион и директно влијание на економскиот развој на Струмица.


„Ова е доказ за искрената политика и посветениот начин на работа на ВМРО-ДПМНЕ, на премиерот Никола Груевски, на потпретседателот Зоран Ставрески и на целиот тим на ВМРО-ДПМНЕ за Струмица и струмичани. Ова е доказ дека Никола Груевски е политичар кој го исполнува ветеното и кој работи во интерес на граѓаните. Додека Зоран Заев со години ги лаже граѓаните на Струмица, Никола Груевски за само два месеци го исполни даденото ветување за отворање на над 1500 нови работни места. Додека Зоран Заев и СДСМ бркаат инвеститори од Струмица, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ носат инвестиции во Струмица. Додека Зоран Заев бега од Струмица, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ работат за интересите на струмичани. Додека Зоран Заев се обидува со лаги, манипулации и конструкции да води политика, Никола Гриевски и ВМРО-ДПМНЕ со конкретни дела работат во интерес на граѓаните. Работа која е базирана на чесност, искреност и посветеност. Нешто што го нема кај Заев и СДСМ“ - додаде Пакетов на денешното обраќање пред струмичани во присуство на дел од пратениците во Собранието на Република Македонија и советници во Советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Пожар на ридот над Струмица, гореше нискостеблеста шума, гореше и кај Габрово и Баница

Пожар на ридот над Струмица, гореше нискостеблеста шума, гор…

Јул 30, 2021 Вести

Попладнево околу 16:40 часот избувна пожар на ридот над Струмица во непосредна близина на турските гробишта. Гореше сува трева и нискостеблеста шума. ...

Повторно почнува да расте бројката со новозаразени со Ковид-19, Струмица со три нови случаи

Повторно почнува да расте бројката со новозаразени со Ковид-…

Јул 30, 2021 Вести

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регис...

Жителите на „Бетовенова“, „Бошко Буха“ и „Братство“ останаа без вода за пиење, ќе немат вода до утре наутро

Жителите на „Бетовенова“, „Бошко Буха“ и „Братство“ останаа …

Јул 30, 2021 Вести

Жителите кои живеат на улиците „Бетовенова“, „Бошко Буха“ и „Братство“, во горниот дел на градот Струмица, односно турското маало, во моментот се без ...

Струмичката полиција синоќа со засилени мерки за санкционирање на возачи кои брзо возат

Струмичката полиција синоќа со засилени мерки за санкционира…

Јул 29, 2021 Вести

Секторот за внатрешни работи Струмица синоќа во периодот од 21:00 до 01.00 часот по полноќ презеде засилени мерки за санкционирање на возачи кои управ...

Во петок ќе биде поставена Изложба на уникатни ДЛ креации (морски ѕвезди)

Во петок ќе биде поставена Изложба на уникатни ДЛ креации (м…

Јул 29, 2021 Најава

Во петок (30 јули) од 19:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, младата дизајнерка Данче Лазарова за прв пат ќе постави Изложба на...

Домот за стари лица „Отворено срце“ бара медицински сестри и негувателки

Домот за стари лица „Отворено срце“ бара медицински сестри и…

Јул 29, 2021 Веб Билборд

Домот за стари лица „Отворено срце“ од Струмица има потреба од медицински сестри и негувателки. Пријавување од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 ч...

АПЕЛ од „Комуналец“: Рационално да се користи водата

АПЕЛ од „Комуналец“: Рационално да се користи водата

Јул 29, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Поради зголемените температури на воздухот ЈПКД „Комуналец“ Струмица апелира до сите граѓани за совесно и рационално користење на водата за пиење. Вод...

Утре цел ден без електрична енергија ќе бидат жителите на селото Куклиш

Утре цел ден без електрична енергија ќе бидат жителите на се…

Јул 28, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 29 јули), од 07:00 до 19:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците во на...