Златен медал за Мартин Динев на Олимпијадата по експериментална Физика

Вторник, 03 Ноември 2015

Мартин Динев од СОУ „Никола Карев“ освои златен медал на Олимпијадата по експериментална Физика

Мартин Динев ученик во прва година во средното општинско училиште „Никола Карев“ во Струмица, го освои првото место и златниот медал на третата средношколска Олимпијада по експериментална физика, која што се одржа во Куманово, а на која што учествуваа 123 ученици од сите земји во регионот. Ова беше единственото прво место од средните и основните училишта од вкупно три награди освоени од ученици во Република Македонија.


Бидејќи ова е најголем успех досега забележан на ваков интернационален натпревар претседателот на Друштвото на физичари, професорот Стојан Манолев, наградата на ученикот Мартин Динев ќе му ја додели лично во четврток во просториите на училиштето „Никола Карев” во Струмица.


Од ова училиште на Олимпијадата учествуваа шест ученици, тројца од прва година и тоа: Дарко Милев, Мартин Динев и Бобан Тушев, како и тројца ученици од втора година: Софија Ѓорѓиева, Илија Узунов и Ѓорѓи Ѓузелов. Со учениците, кои напорно се подготвуваа еден месец, како ментори работеа четворица професори: Никола Делевски, Бошко Николов, Марија Мучева-Георгиева и Елизабета Ѓотева.


Паралелно на Олимпијадата се одржа и семинар со наставниците, квалификациски курс на тема „Подготовка на учениците за меѓународни олимпијади и основни експериментални вештини во наставата во средното образование по физика".


Третата средношколска Олимпијада по експериментална физика – Ден на отпорници се одржа во организација на софискиот клон на Сојузот на физичарите во Бугарија во соработка со регионалното здружение на физичари – Струмица и Друштвото на физичарите на Република Македонија.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Пожар на ридот над Струмица, гореше нискостеблеста шума, гореше и кај Габрово и Баница

Пожар на ридот над Струмица, гореше нискостеблеста шума, гор…

Јул 30, 2021 Вести

Попладнево околу 16:40 часот избувна пожар на ридот над Струмица во непосредна близина на турските гробишта. Гореше сува трева и нискостеблеста шума. ...

Повторно почнува да расте бројката со новозаразени со Ковид-19, Струмица со три нови случаи

Повторно почнува да расте бројката со новозаразени со Ковид-…

Јул 30, 2021 Вести

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регис...

Жителите на „Бетовенова“, „Бошко Буха“ и „Братство“ останаа без вода за пиење, ќе немат вода до утре наутро

Жителите на „Бетовенова“, „Бошко Буха“ и „Братство“ останаа …

Јул 30, 2021 Вести

Жителите кои живеат на улиците „Бетовенова“, „Бошко Буха“ и „Братство“, во горниот дел на градот Струмица, односно турското маало, во моментот се без ...

Струмичката полиција синоќа со засилени мерки за санкционирање на возачи кои брзо возат

Струмичката полиција синоќа со засилени мерки за санкционира…

Јул 29, 2021 Вести

Секторот за внатрешни работи Струмица синоќа во периодот од 21:00 до 01.00 часот по полноќ презеде засилени мерки за санкционирање на возачи кои управ...

Во петок ќе биде поставена Изложба на уникатни ДЛ креации (морски ѕвезди)

Во петок ќе биде поставена Изложба на уникатни ДЛ креации (м…

Јул 29, 2021 Најава

Во петок (30 јули) од 19:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, младата дизајнерка Данче Лазарова за прв пат ќе постави Изложба на...

Домот за стари лица „Отворено срце“ бара медицински сестри и негувателки

Домот за стари лица „Отворено срце“ бара медицински сестри и…

Јул 29, 2021 Веб Билборд

Домот за стари лица „Отворено срце“ од Струмица има потреба од медицински сестри и негувателки. Пријавување од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 ч...

АПЕЛ од „Комуналец“: Рационално да се користи водата

АПЕЛ од „Комуналец“: Рационално да се користи водата

Јул 29, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Поради зголемените температури на воздухот ЈПКД „Комуналец“ Струмица апелира до сите граѓани за совесно и рационално користење на водата за пиење. Вод...

Утре цел ден без електрична енергија ќе бидат жителите на селото Куклиш

Утре цел ден без електрична енергија ќе бидат жителите на се…

Јул 28, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 29 јули), од 07:00 до 19:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците во на...