Започна граѓанската акција „Заслужуваме подобро“

Сабота, 31 Октомври 2015

Во повеќе од 30 населени места, денеска во исто време започна граѓанската акција „Заслужуваме подобро“

„Заслужуваме подобро” е граѓанска акција во која активисти ќе говорат за секојдневни проблеми и за потребата од подобар живот. Како што велат, веруваат во капацитетите на ова општество, во разумот на граѓаните и тргнувајќи од правата и потребите на граѓаните, барат итна промена на начинот на управување со државата, во правец на обезбедување подобра живејачка и подобри услови во сите градови и села.


Во повеќе од 30 населени места, денеска во исто време започна граѓанската акција „Заслужуваме подобро“, која се темели на теренски разговори и директна комуникација со граѓаните за секојдневните проблеми и итната потреба за подобар живот.


„Со нашите активности ќе ја пополнуваме празнината што се создаде меѓу активностите на политичарите, договорот од Пржино и реалните барања и секојдневието на граѓаните. Ние, граѓаните, имаме право гласно и јавно да зборуваме за политиката, зашто нашиот живот и нашето секојдневие се политика. Нашиот глас е важен секој ден, а не само на денот на избори. Оваа наша иницијатива се темели на теренски разговори и директна комуникација со граѓаните, а ја спроведуваат повеќе од 200 граѓански активисти од 70-тина граѓански организации во 30-тина поголеми населени места во Република Македонија“ - вели Ѓорги Тасев, граѓански активист и член на акцијата.


И жителите на струмичко заслужуваат квалитетни здравствени услови и услуги, рече Кате Бенинова, член на акцијата „Заслужуваме подобро“.


„Заслужуваме болници кои нема да наликуваат на сцени од хорор филм. Дежурната амбуланта и „нервната“ болница во Струмица се пред распаѓање. Хигиената е на најниско можно ниво. Во главната болница лебарки лазат по телата на пациентите. Промаја од сите страни. Возила за брза помош речиси и да нема, има само две за над 100.000 жители, од кои едното не е во функција, затоа што не е регистрирано! Власта пред секои избори најавува дека ќе го пушти во употреба новиот крак во болницата. Поминаа најмалку пет години од ветувањата, а тој се уште е празен и неотворен“ - изјави Бенинова, нагласувајќи дека сите граѓани заслужуваат чесна власт и гласање без страв.


Иницијативата ја спроведува и поддржува неформалната коалиција „Граѓаните за Македонија”.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен концерт на отворено

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен…

Јул 24, 2021 Вести

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ – подвижниот музеј на Македонија, репрезентот на македонското фолклорно богатство, орото, песната...

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Софилар

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Соф…

Јул 23, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Општина Струмица апелира до граѓаните од населбата Софилар да одговорат на повикот од Управата за имотно правни работи – Министерство за финансии, за ...

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Банско

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Бан…

Јул 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

По денешната теренска вакцинација во Муртино, утре (петок, 23 јули), тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица ќе биде во селата Габрово и Банско. Жител...

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станови во Струмица во понеделник во Дом на АРМ

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станов…

Јул 22, 2021 Најава

Се известуваат сите заинтересирани граѓани кои конкурирале на Огласот за  распределување на 37 социјални станови во општина Струмица, во станбена згра...

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Север“, „Климент Охридски“, „Ленинова“, Софилар

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Се…

Јул 22, 2021 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 23 јули), од 14:00 до 14:30 часот ќе има прекин на електричната енергија во Струмица: И...

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Фејсбук

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Ф…

Јул 21, 2021 Вести

Мажи од Струмица се уценувани со експлицитни видеа и фотографии.  Лажни профили на Фејсбук, претставувајќи се како млади девојки на возраст од 25 до ...

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на нов велосипед, планираните средства се уште не се потрошени

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на н…

Јул 21, 2021 Вести

По објавувањето на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување велосипеди во 2021 година, до денеска се поднесени вк...

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират против Ковид-19, медицински тим ќе биде во нивното село

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират п…

Јул 20, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица утре (среда, 21 јули), ќе ја реализира теренската вакцинација во селата Дабиље и Сачево. Жителите на Дабиље ут...