ФОТО: Модели од СОУ „Никола Карев“ на модна писта во Бугарија

Петок, 30 Октомври 2015

Темата на групната колекција на учесничките од СОУ „Никола Карев“ е насловена како „ЕТНО МЕТАМОРФОЗА“

Ученици од СОУ „Никола Карев“ од Струмица се претставија на традиционалната модна ревија по дизајн на дипломци и постдипломци од цела Република Бугарија, на Југозападниот Универзитет „Неофит Рилски“ во Благоевград, како единствени пртставници од Република Македонија.


На ревијата зедоа учество 5 ученички од смерот „Конфекциски компјутерски оператор“, како дизајнери со свои креации. Даница Стојанова се претстави со 3 креации, Агнес Јеремиќ исто така со 3 креации, Венера Тасева со една, Ивана Стојменова со една креација (сите од четврта година) и Ботка Ѓоргиева од трета година се претстави со една креација.


Темата на групната колекција на учесничките од СОУ „Никола Карев“ е насловена како „ЕТНО МЕТАМОРФОЗА“. Во изработените модели освен текстилни материјали се употребени и природни материјали, како што се рогоз, трска и рафија, од кои се изработени украсни мотиви. Со истата таа колекција оваа група се натпреваруваше на државно ниво на МАССУМ во Велес во април оваа година, каде заслужено го освоија првото место и се здобија со сертификат за НАЈДОБРА МОДНА РЕВИЈА.


Ученичките имаа можност да го разгледат факултетот и да воспостават контакти со студенти од тамошниот факултет. Соработката помеѓу Универзитетот „Неофит Рилски“ и СОУ „Никола Карев“ трае неколку години.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен концерт на отворено

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен…

Јул 24, 2021 Вести

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ – подвижниот музеј на Македонија, репрезентот на македонското фолклорно богатство, орото, песната...

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Софилар

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Соф…

Јул 23, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Општина Струмица апелира до граѓаните од населбата Софилар да одговорат на повикот од Управата за имотно правни работи – Министерство за финансии, за ...

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Банско

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Бан…

Јул 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

По денешната теренска вакцинација во Муртино, утре (петок, 23 јули), тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица ќе биде во селата Габрово и Банско. Жител...

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станови во Струмица во понеделник во Дом на АРМ

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станов…

Јул 22, 2021 Најава

Се известуваат сите заинтересирани граѓани кои конкурирале на Огласот за  распределување на 37 социјални станови во општина Струмица, во станбена згра...

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Север“, „Климент Охридски“, „Ленинова“, Софилар

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Се…

Јул 22, 2021 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 23 јули), од 14:00 до 14:30 часот ќе има прекин на електричната енергија во Струмица: И...

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Фејсбук

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Ф…

Јул 21, 2021 Вести

Мажи од Струмица се уценувани со експлицитни видеа и фотографии.  Лажни профили на Фејсбук, претставувајќи се како млади девојки на возраст од 25 до ...

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на нов велосипед, планираните средства се уште не се потрошени

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на н…

Јул 21, 2021 Вести

По објавувањето на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување велосипеди во 2021 година, до денеска се поднесени вк...

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират против Ковид-19, медицински тим ќе биде во нивното село

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират п…

Јул 20, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица утре (среда, 21 јули), ќе ја реализира теренската вакцинација во селата Дабиље и Сачево. Жителите на Дабиље ут...