Струмица стана член на меѓународната Асоцијација на градовите – носители на порака на мирот

Петок, 30 Октомври 2015

Повелбата за полноправно членство му беше врачена на претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов

Од денеска општина Струмица е член на меѓународната Асоцијација на градовите – носители на порака на мирот.


Повелбата за полноправно членство му беше врачена на претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, на Собранието кое што се одржува во Куманово, а на кое учествуваат претставници од повеќе светски градови.


„Кога човек добронамерник ќе ја посети Струмица, покрај срдечното гостопримство на струмичани, ќе може да забележи многу интересни работи во кои се огледува карактерот на мојот град. Ќе забележи дека во градот постојат повеќе духовни храмови. Во едни се молат христијаните од православна вероисповед, во други христијаните - католици, во трет христијаните од евангелско – методистичката вера, а во џамијата се молат струмичките Турци од муслиманска вероисповед. Заедичко за сите нив е слогата во која заеднички живеат“ - рече во своето обраќање Јосиф Христов, претставувајќи ја општина Струмица пред присутните на Собранието, додавајќи дека широкоградоста на Струмица може да се забележи и на широкиот, отворен и простран градски плоштад. На едната страна од плоштадот, покрај македонското, се веат знамињата на сите земји - членки на Европската Унија, со што градот отворено ја покажува својата еврпска ориентација и подготвеност за соработка. На другата страна од плоштадот доминира споменикот на големиот македонски деец Гоце Делчев, на кој е испишана неговата мудра мисла: „Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите“.


Пред потпишувањето на Повелбата, присутните на Собранието ја запознаа општина Струмица и преку видео презентацијата, која што ја подготви тим од Секторот за локален економски развој.


Инаку, во Асоцијацијата членуваат градови кои биле препознати по својот придонес за зачувување на мирот, соживотот, почитување на човековите права, слободата и демократијата.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен концерт на отворено

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен…

Јул 24, 2021 Вести

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ – подвижниот музеј на Македонија, репрезентот на македонското фолклорно богатство, орото, песната...

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Софилар

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Соф…

Јул 23, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Општина Струмица апелира до граѓаните од населбата Софилар да одговорат на повикот од Управата за имотно правни работи – Министерство за финансии, за ...

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Банско

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Бан…

Јул 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

По денешната теренска вакцинација во Муртино, утре (петок, 23 јули), тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица ќе биде во селата Габрово и Банско. Жител...

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станови во Струмица во понеделник во Дом на АРМ

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станов…

Јул 22, 2021 Најава

Се известуваат сите заинтересирани граѓани кои конкурирале на Огласот за  распределување на 37 социјални станови во општина Струмица, во станбена згра...

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Север“, „Климент Охридски“, „Ленинова“, Софилар

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Се…

Јул 22, 2021 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 23 јули), од 14:00 до 14:30 часот ќе има прекин на електричната енергија во Струмица: И...

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Фејсбук

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Ф…

Јул 21, 2021 Вести

Мажи од Струмица се уценувани со експлицитни видеа и фотографии.  Лажни профили на Фејсбук, претставувајќи се како млади девојки на возраст од 25 до ...

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на нов велосипед, планираните средства се уште не се потрошени

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на н…

Јул 21, 2021 Вести

По објавувањето на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување велосипеди во 2021 година, до денеска се поднесени вк...

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират против Ковид-19, медицински тим ќе биде во нивното село

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират п…

Јул 20, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица утре (среда, 21 јули), ќе ја реализира теренската вакцинација во селата Дабиље и Сачево. Жителите на Дабиље ут...