„Open Fun Football Schools“ во Струмица

Среда, 28 Октомври 2015

Околу 200 момчиња и девојчиња, ученици од основните училишта во општина Струмица учествуваат на „Open Fun Footbal Schools” на игралиштето во ООУ „Никола Вапцаров“

Денеска во Струмица започна познатата „Отворена забавна фудбалска школа“ за ученици на возраст од 7 до 13 години.


Околу 200 момчиња и девојчиња, ученици од основните училишта во општина Струмица учествуваат на „Open Fun Footbal Schools” на игралиштето во ООУ „Никола Вапцаров“, каде преку игра и забава ги совладуваат фудбалските вештини.


Претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, денеска ги посети учесниците на оваа традиционално спортско другарување и накратко ги следеше нивните спортски вештини.


„Струмица отсекогаш бил и ќе остане спортски град, а кога фудбалот е во прашање, тогаш неоспорен е фактот дека нашиот град со години и децении наназад претставувал вистински расадник на одлични фудбалери кои го прославиле струмичкиот и македонскиот фудбал. Доволно е да се споменат имињата на Горан Пандев, Благој Истатов, Васил Рингов, Благој Ѓоргиев, Атанас Грнчаров, Аце Стојков, браќата Попови, Зоран Балдовавалиев и уште многу други, и да констатираме дека тоа е навистина така. Но Струмица и понатаму продолжува да ја негува таа традиција и да создава нови генерации талентирани фудбалери. Академијата „Пандев“ и Фудбалските клубови „Беласица“ и „Тиверија“ го прават тоа во своето секојдневно работење, а Општина Струмица реализира и поддржува разни проекти и активности кои се во функција на афирмацијата, популаризацијата и растежот на овој спорт. Дел од тие активности секако се и „Отворените забавни фудбалски школи“ кои се одржуваат по шеснаесетти пат, а веќе деветта година по ред, се финансирани од Буџетот на Општина Струмица. Причинува задоволство фактот дека годинава во овој исклучително корисен проект, ќе учествуваат 200 деца од основните училишта во Струмица“ - рече Христов во своето обраќање пред децата, отворајќи ја оваа дводневна забавна фудбалска школа.


Инаку, од постоењето на оваа школа пред 16 години, Струмица веќе деветта година ја организира за основниците, под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Струмица.


ФОТОГАЛЕРИЈА

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен концерт на отворено

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен…

Јул 24, 2021 Вести

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ – подвижниот музеј на Македонија, репрезентот на македонското фолклорно богатство, орото, песната...

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Софилар

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Соф…

Јул 23, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Општина Струмица апелира до граѓаните од населбата Софилар да одговорат на повикот од Управата за имотно правни работи – Министерство за финансии, за ...

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Банско

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Бан…

Јул 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

По денешната теренска вакцинација во Муртино, утре (петок, 23 јули), тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица ќе биде во селата Габрово и Банско. Жител...

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станови во Струмица во понеделник во Дом на АРМ

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станов…

Јул 22, 2021 Најава

Се известуваат сите заинтересирани граѓани кои конкурирале на Огласот за  распределување на 37 социјални станови во општина Струмица, во станбена згра...

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Север“, „Климент Охридски“, „Ленинова“, Софилар

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Се…

Јул 22, 2021 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 23 јули), од 14:00 до 14:30 часот ќе има прекин на електричната енергија во Струмица: И...

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Фејсбук

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Ф…

Јул 21, 2021 Вести

Мажи од Струмица се уценувани со експлицитни видеа и фотографии.  Лажни профили на Фејсбук, претставувајќи се како млади девојки на возраст од 25 до ...

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на нов велосипед, планираните средства се уште не се потрошени

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на н…

Јул 21, 2021 Вести

По објавувањето на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување велосипеди во 2021 година, до денеска се поднесени вк...

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират против Ковид-19, медицински тим ќе биде во нивното село

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират п…

Јул 20, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица утре (среда, 21 јули), ќе ја реализира теренската вакцинација во селата Дабиље и Сачево. Жителите на Дабиље ут...