100 милиони денари инвестициони активности во општина Струмица

Вторник, 27 Октомври 2015

Според градоначалникот, Зоран Заев, овие инвестициони активности значат голема реализација на програмата и буџетот на општина Струмица

Се обновува асфалтот на улиците во градот и населените места, на игралиштата во училиштата, се изведуваат водоводни, фекални и атмосферски мрежи, се чистат и каналските мрежа, ова се само дел од активностите кои во моментот ги реализира општина Струмица.


Според градоначалникот, Зоран Заев, овие инвестициони активности значат голема реализација на програмата и буџетот на општина Струмица за 2015 година. Тој ги повика граѓаните, преку урбаните заедници во градот и месните заедници во населените места, да ги достават своите предлози и потреби за тоа што почна подготовката и на буџетот за 2016 година.


„Во тек се инвестициони активности во вредност од околу 100 милиони денари. Се изведуваат фекални, атмосферски и водоводни мрежи во областа на старата касарна каде што се гради голема комунална инфраструктура заради објектите кои се градат таму. Околу 70 милиони денари имаме реализација на улици и тротоари, секако, во касарната, во градот реализирани се улиците „Братство Единство“, „Браќа Миладинови“, „Герас Цунев“, очекуваме овие денови да продолжи реализацијата на „Ристоман Попчевски“, „Ѓорѓи Трајков“ и неколку други улици во градот. Почнуваме со реализација на улиците во населените места, во 15 села ќе се реализираат од една до пет улици до крајот на месец ноември, а кое што ќе претставува и едно големо реализирање на програмата и буџетот за оваа 2015 година. Покрај овие активности, се врши и прочистување на каналските мрежи во населените места и во градот, но градиме и игралишта и детски и асфалтни во состав на училиштата, завршено е игралиштето во основното општинско училиште „Маршал Тито“ во Струмица, овие денови очекуваме да се стави втор слој на игралиштето во основното училиште во Дабиле. Така да комплетната реализација на буџетот, согласно динамиката која што ја следиме во моментот и оваа година би била над 90 проценти, со што можам да изразам едно задоволство од оперативните служби кои што работат за општина Струмица, како и административните служби. Почна и подготовката на буџетот за 2016 година, ја користам приликата да ги повикам граѓаните преку урбаните заедници во градот и месните заедници да ги достават своите предлози и потреби заради тоа што до 15 ноември треба да ги добиеме комплетните дописи од урбаните и месните заедници, секако тука се и буџетските форуми кои што ги отвораме во текот на месец ноември со кои што ќе привршуваме со донесувањето на буџетот за 2016 година“ - рече градоначалникот Заев.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен концерт на отворено

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен…

Јул 24, 2021 Вести

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ – подвижниот музеј на Македонија, репрезентот на македонското фолклорно богатство, орото, песната...

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Софилар

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Соф…

Јул 23, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Општина Струмица апелира до граѓаните од населбата Софилар да одговорат на повикот од Управата за имотно правни работи – Министерство за финансии, за ...

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Банско

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Бан…

Јул 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

По денешната теренска вакцинација во Муртино, утре (петок, 23 јули), тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица ќе биде во селата Габрово и Банско. Жител...

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станови во Струмица во понеделник во Дом на АРМ

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станов…

Јул 22, 2021 Најава

Се известуваат сите заинтересирани граѓани кои конкурирале на Огласот за  распределување на 37 социјални станови во општина Струмица, во станбена згра...

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Север“, „Климент Охридски“, „Ленинова“, Софилар

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Се…

Јул 22, 2021 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 23 јули), од 14:00 до 14:30 часот ќе има прекин на електричната енергија во Струмица: И...

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Фејсбук

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Ф…

Јул 21, 2021 Вести

Мажи од Струмица се уценувани со експлицитни видеа и фотографии.  Лажни профили на Фејсбук, претставувајќи се како млади девојки на возраст од 25 до ...

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на нов велосипед, планираните средства се уште не се потрошени

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на н…

Јул 21, 2021 Вести

По објавувањето на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување велосипеди во 2021 година, до денеска се поднесени вк...

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират против Ковид-19, медицински тим ќе биде во нивното село

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират п…

Јул 20, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица утре (среда, 21 јули), ќе ја реализира теренската вакцинација во селата Дабиље и Сачево. Жителите на Дабиље ут...