„Порака“ ја пренесува пораката на лицата со интелектуална попреченост

Вторник, 27 Октомври 2015

Минатата недела се одржаа две работилници насловени „Заедно креираме“

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“ од Струмица продолжува со реализацијата на проектот „Заедно да ја пренесеме пораката на лицата со интелектуална попреченост“ кој финансиски е поддржан од општина Струмица.


Минатата недела се одржаа две работилници насловени „Заедно креираме“ со здружението за млади „АДОЛУС“ од Струмица, основното општинско училиште „Видое Подгорец“, децата од парохијата „Свети Иван Крстител“ од Струмица и дневниот центар за лица со посебни потреби од Гевгелија.


Првата работилница се одржа во просториите на социјалниот клуб на „ПОРАКА“ каде што членовите и учениците од „Видое Подгорец“ изработуваа заеднички цртежи, колажи, бојадисуваа саксии и други фигури. Втората работилница се одржа во црквата „Свети Иван Крстител“, а на која гости беа децата и младинците од дневниот центар за лица со посебни потреби од Гевгелија.


Покрај заедничкото дружење преку изработка на заеднички цртежи и колажи со ликови на светци, за забавата се погрижи и младата музичка ѕвезда Трајче Ѓоргиев, кој подготви и мали подароци за учесниците на работилницата.


Од „Порака“ велат дека преку овие заеднички активности се врши приближување на лицата со интелектуална попреченост до секојдневните социјални, културни и забавни активности на младите, односно, до образовниот процес на учениците во основните училишта во општина Струмица, а тоа е и главната цел на проектот, интеграција и социјализација на лицата со интелектуална попреченост во пошироката општествена средина.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Денеска Струмица со пет новозаразени лица со Ковид-19

Денеска Струмица со пет новозаразени лица со Ковид-19

Авг 01, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од направените 5.759 тестирања, регистрирани се 72 нови случаи на КОВИД-19, од кои 5 ...

Запалена сува трева кај Просениково, пожарот зафатил и објект

Запалена сува трева кај Просениково, пожарот зафатил и објек…

Авг 01, 2021 Вести

Противпожарната единица на Струмица информира дека утринава во 08:47 часот интервенирале со две противпожарни возила и пет пожарникари во атарот на се...

Пунктот за вакцинација во салата на ООУ„ Никола Вапцаров“ нема да се затвора, теренска вакцинација и за втората доза во селата

Пунктот за вакцинација во салата на ООУ„ Никола Вапцаров“ не…

Авг 01, 2021 Вести

Од ЈЗУ „Здравствен дом“ во Струмица информираат дека поради се поголемиот интерес за вакцинација, пунктот во спортската сала на училиштето „Никола Вап...

Прва изложба на креаторката Данче Лазарова - Морето како инспирација за модните дизајни

Прва изложба на креаторката Данче Лазарова - Морето како инс…

Авг 01, 2021 Вести

Младата креаторка од Струмица, Данче Лазарова, во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ја постави својата прва изложба со модни креации. Инс...

Во „pop-up продавницата“ со промовирање на био-базирани производи се одржа и работилница за развој на биоекономијата

Во „pop-up продавницата“ со промовирање на био-базирани прои…

Авг 01, 2021 Вести

На вториот ден од отвoрањето на био-базираната pop-up продавница во Струмица, струмичани имаа можност да бидат дел од работилницата каде се дискутираш...

„Happy Pluto Pizza Factory“ Струмица вработува

„Happy Pluto Pizza Factory“ Струмица вработува

Авг 01, 2021 Веб Билборд

Поради зголемен обем на работа „Happy Pluto Pizza Factory“ Струмица има потреба од девојка за работа. Повеќе информации и пријавување на: 071/420-255...

Струмичанката Славица Кутиров ќе раководи со Царинската управа

Струмичанката Славица Кутиров ќе раководи со Царинската упра…

Јул 31, 2021 Вести

Струмичанката Славица Кутиров ја презема директорската функција во Царинската управа од досегашниот в.д. директор Горан Сугарески. Таа досега беше зам...

Уште еден новозаразен со Ковид-19 во Струмица, во Македонија денеска 81 нов случај

Уште еден новозаразен со Ковид-19 во Струмица, во Македонија…

Јул 31, 2021 Вести

Во последните 24 часа од направените 5.315 тестирања, регистрирани се 81 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 27 Тетово – 25 Куманово – 9 Гостивар –...