Општина Струмица објави нов конкурс за спомен обележје на загинатите пилоти

Вторник, 27 Октомври 2015

По реакциите на јавноста и по повлекување на првото идејно решение на спомен-обележје на четворицата загинати припадници на МВР

По реакциите на јавноста и по повлекување на првото идејно решение на спомен-обележје на четворицата загинати припадници на МВР во хеликоптерската несреќа, која се случи на 10 јули минатата година во близина на Струмица, на прес конференција е објавен нов јавен конкурс за изработка на идеен проект за подигање на спомен-обележје на загинатите пилоти.


На денешната прес конференција, претседателот на Одборот за подигање на спомен – обележја при Советот на општина Струмица, Петар Божинов, упати јавен повик до сите креативни правни и физички лица да понудат свои идејни решенија.


„Одборот за подигање на спомен обележја при Советот на општина Струмица, почитувајќи го мислењето на јавноста, согласно законската регулатива, на седницата одржана на 20-ти овој месец, повторно распиша јавен конкурс за изработка на идеен проект за подигање спомен обележје во чест на загинатите пилоти од хеликоптерската единица на МВР. Овој јавен конкурс е објавен во дневниот печат, но сакаме и преку вашите медиуми, јавно да ги повикаме сите креативни правни и физички лица од нашава земја да земат учество во истиот. Конкурсот кој трае 30 денови од денот на објавувањето е анонимен, што значи дека своите идејни решенија, авторите треба да ги пријавуваат под шифра. За најдобрите три идејни решенија кои ќе ги избере Одборот за подигање на спомен обележја при Советот на општина Струмица и стручни лица од релевантни институции, предвидени се прва, втора и трета награда во висина од 20.000, 12.000 и 8.000 денари“ - рече Божинов.


Резултатите од конкурсот, Одборот ќе ги соопшти во рок од 8 дена од денот на изборот, а наградите ќе бидат исплатени во рок од 30 дена од нивното објавување.


Неодамна Советот на општина Струмица донесе и одлука за локацијата за поставување Спомен-обележје на пилотите Драган Мицев, Иљо Лопатички, Марјан Трајковиќ и Тоде Орешков, во новоуредниот дел во Градскиот парк во Струмица, пред Домот на АРМ.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен концерт на отворено

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен…

Јул 24, 2021 Вести

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ – подвижниот музеј на Македонија, репрезентот на македонското фолклорно богатство, орото, песната...

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Софилар

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Соф…

Јул 23, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Општина Струмица апелира до граѓаните од населбата Софилар да одговорат на повикот од Управата за имотно правни работи – Министерство за финансии, за ...

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Банско

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Бан…

Јул 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

По денешната теренска вакцинација во Муртино, утре (петок, 23 јули), тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица ќе биде во селата Габрово и Банско. Жител...

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станови во Струмица во понеделник во Дом на АРМ

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станов…

Јул 22, 2021 Најава

Се известуваат сите заинтересирани граѓани кои конкурирале на Огласот за  распределување на 37 социјални станови во општина Струмица, во станбена згра...

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Север“, „Климент Охридски“, „Ленинова“, Софилар

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Се…

Јул 22, 2021 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 23 јули), од 14:00 до 14:30 часот ќе има прекин на електричната енергија во Струмица: И...

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Фејсбук

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Ф…

Јул 21, 2021 Вести

Мажи од Струмица се уценувани со експлицитни видеа и фотографии.  Лажни профили на Фејсбук, претставувајќи се како млади девојки на возраст од 25 до ...

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на нов велосипед, планираните средства се уште не се потрошени

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на н…

Јул 21, 2021 Вести

По објавувањето на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување велосипеди во 2021 година, до денеска се поднесени вк...

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират против Ковид-19, медицински тим ќе биде во нивното село

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират п…

Јул 20, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица утре (среда, 21 јули), ќе ја реализира теренската вакцинација во селата Дабиље и Сачево. Жителите на Дабиље ут...