Денеска отворен Форум на Општина Струмица за проекти 2015/2016

Вторник, 27 Октомври 2015

Општина Струмица ќе биде дел од уште еден форум, како форма на учество на граѓаните во донесувањето на одлуки од интерес на заедницата

Општина Струмица ќе биде дел од уште еден форум, како форма на учество на граѓаните во донесувањето на одлуки од интерес на заедницата.


Денеска од 18:00 часот во Домот на АРМ во Струмица, ќе се одржи граѓански проектен форум, на кој присутните граѓани ќе имаат можност да ги проследат планираните проекти од акциските планови за образование, социјална заштита, млади и соработка со граѓански организации и од истите да предложат приоритетни проекти кои ќе ги имплементира општина Струмица во периодот 2015-2016 година.


Главната цел на Акциските планови е да се развијат клучни активности кои треба да се спроведат за да се обезбеди успешна имплементација на локалните стратегии. Сето тоа е дел од процесот на стратешко планирање кој започна од ноември месец 2014 година, преку одржување на јавни расправи по четирите локални стратегии, преку кои Општина Струмица ги мобилизираше сите засегнати страни: Совет на општина Струмица, општинска администрација, јавни претпријатија, средни и основни училишта, граѓански организации, локални и државни институции и други релевантни чинители во општеството.


Стратегиите беа усвоени од Советот на општина Струмица во декември 2014 година, а Акциските планови, беа изгласани на последната седница на Советот на општина Струмица, по претходно одржани јавни расправи со засегнатите страни.


Форумот ќе има две сесии, на кои, граѓаните ќе одлучат на кој од предложените проекти ќе ум дадат зелено светло за финасирање.


Форумските сесии се отворени и граѓаните можат активно да дискутираат, предлагаат и одлучуваат кој проект е важен за нив за заеднички да се реализира.


Форумските сесии ќе бидат активно поддржани од општината, со учество на сите релевантни лица за спроведување на планираните и предложени проекти.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен концерт на отворено

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен…

Јул 24, 2021 Вести

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ – подвижниот музеј на Македонија, репрезентот на македонското фолклорно богатство, орото, песната...

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Софилар

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Соф…

Јул 23, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Општина Струмица апелира до граѓаните од населбата Софилар да одговорат на повикот од Управата за имотно правни работи – Министерство за финансии, за ...

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Банско

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Бан…

Јул 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

По денешната теренска вакцинација во Муртино, утре (петок, 23 јули), тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица ќе биде во селата Габрово и Банско. Жител...

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станови во Струмица во понеделник во Дом на АРМ

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станов…

Јул 22, 2021 Најава

Се известуваат сите заинтересирани граѓани кои конкурирале на Огласот за  распределување на 37 социјални станови во општина Струмица, во станбена згра...

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Север“, „Климент Охридски“, „Ленинова“, Софилар

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Се…

Јул 22, 2021 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 23 јули), од 14:00 до 14:30 часот ќе има прекин на електричната енергија во Струмица: И...

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Фејсбук

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Ф…

Јул 21, 2021 Вести

Мажи од Струмица се уценувани со експлицитни видеа и фотографии.  Лажни профили на Фејсбук, претставувајќи се како млади девојки на возраст од 25 до ...

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на нов велосипед, планираните средства се уште не се потрошени

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на н…

Јул 21, 2021 Вести

По објавувањето на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување велосипеди во 2021 година, до денеска се поднесени вк...

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират против Ковид-19, медицински тим ќе биде во нивното село

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират п…

Јул 20, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица утре (среда, 21 јули), ќе ја реализира теренската вакцинација во селата Дабиље и Сачево. Жителите на Дабиље ут...