Тортата на штипјани највкусна и најубава!

Недела, 25 Октомври 2015

И по 18-ти пат синоќа во хотелот „Цар Самуил“ во Банско се одржа Манифестацијата „Тортијада 2015“

И по 18-ти пат синоќа во хотелот „Цар Самуил“ во Банско се одржа Манифестацијата „Тортијада 2015“ на Здружението за телесно инвалидизирани лица „Мобилност“ од Струмица, a под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Струмица.


Тортата на претставниците од ЗТИЛ „Мобилност“ од Штип е избрана за највкусна, но и најубава, според жири комисијата, втората награда отиде во Битола, а третата во Кочани.


На годинашната „Тортијада 2015“ од вештите раце на лицата со телесен инвалидитет беа направени и презентирани 11 прекрасни торти од исто толку здруженија од Македонија кои учествуваа на манифестацијата. Во нивниот изглед и вкус уживаа многубројните гости меѓу кои и членови на Советот на општина Струмица.


Струмичкиот градоначалник Зоран Заев, кој веќе десет години присуствува на оваа манифестација, во својот поздравен говор рече дека таа е уникатна и неповторлива, која нуди одлична можност за дружење и за стекнување нови пријателства, но и ги поздрави учесниците и гостите од Орав, Хан и Бејли...

 


„Ве поздравувам од мое и од името на советниците кои вечерва се овде со мене, а можам да ве поздравам и од амбасадорот Орав, и од Хан, и од Бејли, заради тоа што ние политичарите, најверојатно ја преокупираме целата наша македонска јавност, но секако и во овој период посветен на преговори, јас нема да дозволам ниту една тортијада да испуштам, традиционално, секогаш сум присутен овде, заради тоа што ова е богатство кое што вие го негувате долги години, еве, и до полнолетство дојдовме. Ја имам честа да ја водам оваа прекрасна општина Струмица, која традиционално е врзана за оваа тортијада и навистина како прв човек на Општината домаќин, секоја година сум радосен што оваа манифестација може да расте и да се унапредува, која ни носи нови пријателства кои засекогаш остануваат во нашата меморија, а кои ни го збогатуваат нашиот живот. Само можам да ви кажам дека како ваш пријател, по она што претставува преокупација за нашата Македонија, ќе направиме се што е во наша моќ, нашата земја да ја направиме перспективно катче, достојно за живот подеднакво за сите граѓани. Ама, вечерва нема да зборуваме за политика, вечерва треба да се дружиме и секако да ја избереме најубавата торта од овие прекрасни дами кои што се потрудиле да ја збогатат вечерта“ - рече градоначалникот Заев.


Лицата со телесен инвалидитет потврдувајќи ги своите слаткарски вештини, преку оваа манифестација упатија заедничка порака дека и тие можат и умеат, како и останатите членови на заедницата во која што живеат.


ФОТОГАЛЕРИЈА

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Денеска Струмица со пет новозаразени лица со Ковид-19

Денеска Струмица со пет новозаразени лица со Ковид-19

Авг 01, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од направените 5.759 тестирања, регистрирани се 72 нови случаи на КОВИД-19, од кои 5 ...

Запалена сува трева кај Просениково, пожарот зафатил и објект

Запалена сува трева кај Просениково, пожарот зафатил и објек…

Авг 01, 2021 Вести

Противпожарната единица на Струмица информира дека утринава во 08:47 часот интервенирале со две противпожарни возила и пет пожарникари во атарот на се...

Пунктот за вакцинација во салата на ООУ„ Никола Вапцаров“ нема да се затвора, теренска вакцинација и за втората доза во селата

Пунктот за вакцинација во салата на ООУ„ Никола Вапцаров“ не…

Авг 01, 2021 Вести

Од ЈЗУ „Здравствен дом“ во Струмица информираат дека поради се поголемиот интерес за вакцинација, пунктот во спортската сала на училиштето „Никола Вап...

Прва изложба на креаторката Данче Лазарова - Морето како инспирација за модните дизајни

Прва изложба на креаторката Данче Лазарова - Морето како инс…

Авг 01, 2021 Вести

Младата креаторка од Струмица, Данче Лазарова, во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ја постави својата прва изложба со модни креации. Инс...

Во „pop-up продавницата“ со промовирање на био-базирани производи се одржа и работилница за развој на биоекономијата

Во „pop-up продавницата“ со промовирање на био-базирани прои…

Авг 01, 2021 Вести

На вториот ден од отвoрањето на био-базираната pop-up продавница во Струмица, струмичани имаа можност да бидат дел од работилницата каде се дискутираш...

„Happy Pluto Pizza Factory“ Струмица вработува

„Happy Pluto Pizza Factory“ Струмица вработува

Авг 01, 2021 Веб Билборд

Поради зголемен обем на работа „Happy Pluto Pizza Factory“ Струмица има потреба од девојка за работа. Повеќе информации и пријавување на: 071/420-255...

Струмичанката Славица Кутиров ќе раководи со Царинската управа

Струмичанката Славица Кутиров ќе раководи со Царинската упра…

Јул 31, 2021 Вести

Струмичанката Славица Кутиров ја презема директорската функција во Царинската управа од досегашниот в.д. директор Горан Сугарески. Таа досега беше зам...

Уште еден новозаразен со Ковид-19 во Струмица, во Македонија денеска 81 нов случај

Уште еден новозаразен со Ковид-19 во Струмица, во Македонија…

Јул 31, 2021 Вести

Во последните 24 часа од направените 5.315 тестирања, регистрирани се 81 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 27 Тетово – 25 Куманово – 9 Гостивар –...