Младиот Трајче Ѓоргиев се дружеше со деца со посебни потреби од Струмица и Гевгелија

Петок, 23 Октомври 2015

На дружењето специјален гостин беше младиот струмички талент Трајче Ѓоргиев, кој за децата со посебни потреби испеа неколку песни

Парохијата „Свети Иван Крстител“ од Струмица во соработка со здружението „Порака“ од Струмица и „Дневен центар од Гевгелија, вчера организираше дружење на децата со посебни потреби со децата и младите од парохијата.


На дружењето специјален гостин беше младиот струмички талент Трајче Ѓоргиев, кој за децата со посебни потреби испеа неколку песни, се дружеше со нив, а на крајот од средбата ги израдува со подароци, додека за Центарот „Порака“ подари кондиторски производи.


Како што рече отец Гоце Костов, Црквата е Мајка и преку оваа средба сака да ја искаже својата љубов кон децата, заблагодарувајќи му се на Трајче, кој со воодушевување ја прифати поканата да биде заедно со децата и да се дружи со нив.


Децата од Струмица беа придружувани од нивните родители и претседателката на „Порака“, Соња Сачевска, додека децата од Гевгелија беа во придружба на отец Димитар Ташев и дефектологот во Дневниот центар во Гевелија, Мери Кузманова.


При крајот на средбата отец Димитар Ташев на Трајче Ѓоргиев, отец Гоце Костов, и ЦПЛИП „Порака“, им ја подари книгата „Победничка“ напишана од Викторија Пенова, дете со посебни потреби од селото Балинци, Валандовско.


ФОТО: Димитар Ташев

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Денеска Струмица со пет новозаразени лица со Ковид-19

Денеска Струмица со пет новозаразени лица со Ковид-19

Авг 01, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од направените 5.759 тестирања, регистрирани се 72 нови случаи на КОВИД-19, од кои 5 ...

Запалена сува трева кај Просениково, пожарот зафатил и објект

Запалена сува трева кај Просениково, пожарот зафатил и објек…

Авг 01, 2021 Вести

Противпожарната единица на Струмица информира дека утринава во 08:47 часот интервенирале со две противпожарни возила и пет пожарникари во атарот на се...

Пунктот за вакцинација во салата на ООУ„ Никола Вапцаров“ нема да се затвора, теренска вакцинација и за втората доза во селата

Пунктот за вакцинација во салата на ООУ„ Никола Вапцаров“ не…

Авг 01, 2021 Вести

Од ЈЗУ „Здравствен дом“ во Струмица информираат дека поради се поголемиот интерес за вакцинација, пунктот во спортската сала на училиштето „Никола Вап...

Прва изложба на креаторката Данче Лазарова - Морето како инспирација за модните дизајни

Прва изложба на креаторката Данче Лазарова - Морето како инс…

Авг 01, 2021 Вести

Младата креаторка од Струмица, Данче Лазарова, во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ја постави својата прва изложба со модни креации. Инс...

Во „pop-up продавницата“ со промовирање на био-базирани производи се одржа и работилница за развој на биоекономијата

Во „pop-up продавницата“ со промовирање на био-базирани прои…

Авг 01, 2021 Вести

На вториот ден од отвoрањето на био-базираната pop-up продавница во Струмица, струмичани имаа можност да бидат дел од работилницата каде се дискутираш...

„Happy Pluto Pizza Factory“ Струмица вработува

„Happy Pluto Pizza Factory“ Струмица вработува

Авг 01, 2021 Веб Билборд

Поради зголемен обем на работа „Happy Pluto Pizza Factory“ Струмица има потреба од девојка за работа. Повеќе информации и пријавување на: 071/420-255...

Струмичанката Славица Кутиров ќе раководи со Царинската управа

Струмичанката Славица Кутиров ќе раководи со Царинската упра…

Јул 31, 2021 Вести

Струмичанката Славица Кутиров ја презема директорската функција во Царинската управа од досегашниот в.д. директор Горан Сугарески. Таа досега беше зам...

Уште еден новозаразен со Ковид-19 во Струмица, во Македонија денеска 81 нов случај

Уште еден новозаразен со Ковид-19 во Струмица, во Македонија…

Јул 31, 2021 Вести

Во последните 24 часа од направените 5.315 тестирања, регистрирани се 81 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 27 Тетово – 25 Куманово – 9 Гостивар –...