Струмица го одбележа Денот на македонската револуционерна борба

Петок, 23 Октомври 2015

По повод 23-ти октомври, Денот на македонската револуционерна борба, денеска во Домот на АРМ во Струмица се одржа свеченост

По повод 23-ти октомври, Денот на македонската револуционерна борба и 122-та годишнина од основањето на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација, денеска во организација на Општина Струмица, во Домот на АРМ се одржа свеченост на која за историографијата на празникот говореше Зоран Пакетов, член на Советот на општина Струмица.


„Денес Македонија е облечена во своето најсветло руво, во рувото во кое се празнуваат најсветлите датуми од нашата пребогата историја. Еден од тие датуми е секако 23-ти октомври 1893-та година, ден кога се удрени темелите на најсветлата организација во долговековното македонско битисување – Внатрешната Македонска Револуционерна Организација – ВМРО“ – рече во своето обраќање советникот Пакетов.

 


Пакетов истакна дека и по толку многу години споменот за тој ден пренесуван од колено на колено, од генерации на генерации, останува да живее во секоја македонска душа, во секое македонско патриотско срце.


„Токму тој ден не собра денес овде, за да можеме да ја споделиме почитта, гордоста и радоста што сме свидетели на еден голем јубилеј, што сме потомци на оние кои ја создадоа првата семакедонска организација и идејата за автономна Македонија. Тоа е денот кога се испишува онаа страница од македонската историја во која се препознава вечната кауза за независна и самостојна држава“ – додаде Пакетов.


На свеченоста по повод празникот, пред големиот број гости меѓу кои и членови на Советот на општина Струмица, пратеникот во републичкото Собрание, Славе Гошев, претставници на Сојузот на борците, на државни институции, беше изведена културно-уметничка програма со Револуционерна поезија во изведба на рецитаторите од Домот за деца и млади „Благој Мучето“, музички интерпретации од страна на ученици-музичари од ОМУ „Боро Џони“ и традиционални кореографии од македонски ора од Ансамблот „Тримери“.


ФОТОГАЛЕРИЈА

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен концерт на отворено

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен…

Јул 24, 2021 Вести

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ – подвижниот музеј на Македонија, репрезентот на македонското фолклорно богатство, орото, песната...

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Софилар

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Соф…

Јул 23, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Општина Струмица апелира до граѓаните од населбата Софилар да одговорат на повикот од Управата за имотно правни работи – Министерство за финансии, за ...

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Банско

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Бан…

Јул 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

По денешната теренска вакцинација во Муртино, утре (петок, 23 јули), тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица ќе биде во селата Габрово и Банско. Жител...

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станови во Струмица во понеделник во Дом на АРМ

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станов…

Јул 22, 2021 Најава

Се известуваат сите заинтересирани граѓани кои конкурирале на Огласот за  распределување на 37 социјални станови во општина Струмица, во станбена згра...

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Север“, „Климент Охридски“, „Ленинова“, Софилар

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Се…

Јул 22, 2021 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 23 јули), од 14:00 до 14:30 часот ќе има прекин на електричната енергија во Струмица: И...

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Фејсбук

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Ф…

Јул 21, 2021 Вести

Мажи од Струмица се уценувани со експлицитни видеа и фотографии.  Лажни профили на Фејсбук, претставувајќи се како млади девојки на возраст од 25 до ...

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на нов велосипед, планираните средства се уште не се потрошени

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на н…

Јул 21, 2021 Вести

По објавувањето на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување велосипеди во 2021 година, до денеска се поднесени вк...

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират против Ковид-19, медицински тим ќе биде во нивното село

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират п…

Јул 20, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица утре (среда, 21 јули), ќе ја реализира теренската вакцинација во селата Дабиље и Сачево. Жителите на Дабиље ут...