Ќе се реализира граѓански проектен форум во општина Струмица

Четврток, 22 Октомври 2015

Општина Струмица ќе биде дел од уште еден форум, како форма на учество на граѓаните во донесувањето на одлуки

Општина Струмица ќе биде дел од уште еден форум, како форма на учество на граѓаните во донесувањето на одлуки од интерес на заедницата.


Во вторник, 27-ми октомври, ќе се одржи првата сесија од граѓанскиот проектен форум, на кој присутните граѓани ќе имаат можност да ги проследат планираните проекти од акциските планови за образование, социјална заштита, млади и соработка со граѓански организации и од истите да предложат приоритетни проекти кои ќе ги имплементира општина Струмица во периодот 2015 – 2016 година.


„Главната цел на Акциските планови е да се развијат клучни активности кои треба да се спроведат за да се обезбеди успешна имплементација на локалните стратегии. Сето тоа е дел од процесот на стратешко планирање кој започна од ноември 2014 година, преку одржување на јавни расправи по четирите локални стратегии, преку кои општина Струмица ги мобилизираше сите засегнати страни: Совет на општина Струмица, општинска администрација, јавни претпријатија, средни и основни училишта, граѓански организации, локални и државни институции и други релевантни чинители во општеството. Стратегиите беа усвоени од Советот на општина Струмица во декември 2014 година, а Акциските планови, беа изгласани на последната седница на Советот на општина Струмица, по претходно одржани јавни расправи со засегнатите страни. Форумот ќе има две сесии, на кои, граѓаните ќе одлучат на кој од предложените проекти ќе му дадат зелено светло за финасирање. Обезбедени се 45.000 долари, од кои половината, односно 22.500 долари ги обезбедува општината, а другата половина Фондацијата отворено општество Македонија. Поради тоа, ги повикувам граѓаните да дојдат на форумските сесии и активно да дискутираат, предлагаат и одлучуваат кој проект за нив е важен за заеднички да го спроведеме. Форумските сесии ќе бидат активно поддржани од општината, со учество на сите релевантни лица за спроведување на планираните и предложени проекти, а истите ќе се одржат во домот на АРМ. Го очекуваме вашето присуство, за да ја покажеме демократијата на дело, својствено за општина Струмица“ - изјави Тони Милушев, раководител на Одделението за локален економски развој.


Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување одлуки на локално ниво.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ДИК со едукативниот караван ги посети Струмица, Штип, Кавадарци, Куманово и Скопје - Ти си на ред! Излези, гласај!

ДИК со едукативниот караван ги посети Струмица, Штип, Кавада…

Окт 15, 2021 Вести

Оваа недела во рамките на едукативната и информативна кампања „Ти си на ред! Излези, гласај!“, караванот на Државна изборна комисија ги посети градови...

Даскаловски: Во недела на 17 октомври не се двоумете, гласајте за бројот 12, гласајте за најдобрите

Даскаловски: Во недела на 17 октомври не се двоумете, гласај…

Окт 15, 2021 Избори 2021

Носителот на листата за членови на Советот на општина Струмица на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Марјан Даскаловски на последниот ...

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за насилна кампања, поткуп, притисоци, закани од страна на СДСМ и кандидатот Костадинов

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за насилна кампања, поткуп, притисоци, з…

Окт 15, 2021 Вести

Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица со реакција до медиумите. Според нивното соопштение, сакат да ја информираат струмичката јавност за „...

Денеска најмногу дожд во Струмица - 18 л/м²

Денеска најмногу дожд во Струмица - 18 л/м²

Окт 14, 2021 Вести

УХМР информира дека во текот на денешниот ден, односно од 08:00 до 17:00 часот во Струмица наврнало најмногу дожд - 18 л/м². Од југоисточниот регион в...

Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со оштетен вид во Струмица е поставена Тактилна изложба на слики

Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со оштетен вид во …

Окт 14, 2021 Вести

Во рамките на Манифестацијата „Струмица – град на културата 2021“, денеска во НУ Завод и Музеј во Струмица е поставена Тактилна изложба на слики за ли...

Кандидатот за градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов најави изградба на велосипедска патека

Кандидатот за градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов…

Окт 14, 2021 Избори 2021

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, Костадин Костадинов во денешното сво...

Прекин на електричната енергија во реонот покрај Просенички пат, во Старо и Ново Добрејци и дел во Василево

Прекин на електричната енергија во реонот покрај Просенички …

Окт 14, 2021 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 15 октомври) од 11:30 до 13:30 часот без електрична енергија ќе бидат: „Роко 2000“, „На...

Костадинов ги презентираше проектите од областа на културата во Струмица

Костадинов ги презентираше проектите од областа на културата…

Окт 13, 2021 Избори 2021

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од СДСМ и Коалицијата, Костадин Костадинов, денеска ги презентираше постигнувањата во културата и наја...