Започна снимањето на филмот „Златна петорка“

Понеделник, 19 Октомври 2015

Долгометражниот игран филм „Златна петорка“ започна да се снима денеска од 92-та сцена во малиот Градски парк во Струмица

Долгометражниот игран филм „Златна петорка“ на струмичанецот Горан Тренчовски, во продукција на „Револушн“ од Скопје, започна да се снима денеска од 92-та сцена во малиот Градски парк во Струмица.


Станува збор за филм за петте струмички студенти, со сценарио работено по драмски и прозни мотиви на писателот Братислав Ташковски, а него го потпишуваат Елеонора Венинова и Билјана Гарванлиева, заедно со косценаристот Тренчовски. Продуцент е Дејан Милошевски, директор на фотографија е Апостол Трпески, сценограф е Кирил Спасески, костимограф Нела Тодоровска, шминка Ирена Сенокозлиоска, тонот е на Дарко Спасовски - Пацки, една музичка нумера во филмот изведува групата „Баклава“, а филмот ќе го монтира Андрија Зафрановиќ.


Играниот филм „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски е замислен како фикција за една прекината и за една започната љубов, меѓу коишто лебдат копнежот и предавството. Во филмската приказна не водат протагонисти кои речиси цел живот бегаат од апсурдните гревови на минатото. Се додека еден преживеан сведок не отпрета некои нови траги кои наведуваат на досието од 1951-та, при што е ликвидирана група студенти од Струмица.


Во филмот играат актерите: Славко Штимац, Јана Стојановска, Љупка Џундева, Игор Ангелов, Петар Арсовски, Васил Михаил, Ненад Милосављевиќ, Билјана Таневски, Александар Ристевски, Влатко Илиевски, Григор Јовановски, Игор Тодоров, Виктор Јакимовски, Дине Дрваров, Стојан Велков и други.


На денешното снимање од „Златна петорка“, беа актерите Петар Арсов и Љупка Џундева, а дел од денешното снимање го следеа и градоначалникот на општина Василево, Ване Стојанов и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, општини кои се главни партнери во поддршката на снимањето на филмот, со општината Босилово, како и Агенцијата за филм на Република Македонија.


„Како што беше најавено, денеска падна првата клапа на долгометражниот филм „Златна петорка“ во продукција на „Револушн“. Имаме навистина исклучителен предизвик, овие четири недели офанзивна работа да работиме на игран фимм за една фикција, за еден настан што се случил во далечната 1951 година. Тука преовладува интимната драма и онаа стега против тогашниот систем, режим во педесеттите години од минатиот век, наспроти приватноста, наспроти личните судбини на петтемина струмички студенти, кои што за жал ги загубија мистериозно и апсурдно своите животи. И во знак на тој мотив, кој што провејува, како лајт мотив во филмот. Протагонистите што ги толкуваат ролјите во овој филм, даваат се од себе и тоа е едно големо ветување за нас како екипа, дека ќе направиме одличен филм. Сите се обврзуваме со предлошката на сценариото, работено по мотивите на драмата и романот на Братислав Ташковски, дека ќе се внурнеме во тој свет на фикцијата и заедно со сцените кои што се реминисценција на едно минато и со сегашните сцени, ќе направиме една своевидна, реконструкција, односно играна би рекол фикција“ - рече режисерот Горан Тренчовски.


Тој е задоволен од условите за работа и е посебно благодарен до граѓаните на Струмица, кои го помагаат во секој поглед, а посебна благодарност упати до локалната власт и советите на општините Струмица, Василево и Босилово.


Продуцентот на филмот, Дејан Милошевски, нагласи дека филмот е поддржан од Агенцијата за филм на РМ и според книгата за снимање, ќе има 24 работни дена.


„Имаме доста локации низ Струмица,а една од клучните сцени ќе ја снимиме на Смоларските водопади. Филмот на почетокот на февруари ќе биде на финална монтажа и се надеваме да испадне до крајот на април, почетокот на мај, за фестивалот во Кан. Секако ова е неофицијално. Официјално што знаеме е дека на 13-ти август во Струмица ќе биде премиера на филмот“ - рече продуцентот Милошевски.


ФОТОГАЛЕРИЈА

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балада

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балад…

Сеп 19, 2021 Магазин

По пауза од скоро две години, синоќа струмичанката Александра Јанева го објави новиот повратнички сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авто...

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Dor…

Сеп 17, 2021 Магазин

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Маст...

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Сеп 17, 2021 Магазин

Имунитетски производи - Имунитет - Аптеки „Еликсир“ Нашиот имунитет е важен за нашиот опстанок. Имунолошкиот систем функционира нормално кога ги пре...

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за Противпожарната единица

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техник…

Сеп 16, 2021 Вести

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за зајакнување на капацитетите на Територијалната професионална противпожарна единица, о...

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како пос…

Сеп 15, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од Министерството за здравство информираат дека во изминатите 24 часа пријавени се 32 починати лица како последица на Ковид-19, меѓу кои и четворица о...

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен терен ќе се пренесуваат на познатиот спортски канал „Sport Klub“

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен тере…

Сеп 14, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ФК „Академија Пандев“ објавија дека натпреварите од Првата македонска фудбалска лига кои овој клуб ќе ги игра на домашен терен ќе се емитуваат во ж...

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ на претстојните Локални избори

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ н…

Сеп 14, 2021 Вести

Општинската организација на СДСМ во Струмица ја објави листата на членови на Советот на општина Струмица за Локалните избори кои ќе се одржат на 17 ок...

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на ФКТ „Ристо Шишков 2021“

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро …

Сеп 14, 2021 Вести

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 29-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Ст...