Се одржа завршната сесија од програмата „Форуми во заедницата“

Петок, 09 Октомври 2015

Синоќа во Домот на АРМ се одржа завршната сесија во рамките на проектот „Форуми во заедницата“ во општина Струмица

Синоќа во Домот на АРМ се одржа завршната сесија во рамките на проектот „Форуми во заедницата“ во општина Струмица.


На сесијата беа презентирани реализацијата на проектите чии приоритети ги утврдија граѓаните, програмите и реализираните приходи и расходи од буџетот на општина Струмица за 2015 година.


Градоначалникот Зоран Заев и граѓаните заедно ги утврдуваа приоритетните проекти во петте форумски сесии, кои се одржаа на крајот на минатата година пред донесувањето на буџетот на општината за 2015 година и заедно синоќа ја разгледуваа нивната реализација.


Градоначалникот Заев е задоволен од досегашната реализација на програмите и буџетот.


„Јас можам да кажам дека сум задоволен од тоа што е завршено во претходните месеци и од тоа што се завршува, октомври е доста интензивен месец, граѓаните се сведоци на правењето на тротоари, улици, водоводи, канализации и огромните капитални инвестиции кои што значат развој на цели урбани блокови. Вкупната реализацијата на буџетот е најголема во последните три години, што значи дека и приходниот дел на буџетот е согласно очекувањата, па дури и ги поминува, но без разлика што ние како Општина и јас како Градоначалник мислиме за реализацијата на програмите и буџетот, оваа завршна форумска сесија е можност и граѓаните да ни ги дадат своите забелешки и согласно тоа, и јас и општинската администрација, а и изведувачите кои ги имаат земено тендерите, максимално да се фокусираме за стопроцентна реализација на се што е предвидено во буџетот“ - рече градоначалникот Заев.


Реализацијата на буџетот на општина Струмица заклучно со 30 септември, изнесува 63%, што е за 7% поголема од истиот период во минатата година.


Преку програмата „Форуми во заедницата“ граѓаните активно учествуваа во креирањето на општинскиот буџет со што потврдија дека Струмица е општина по мерка на граѓаните.


Партиципативноста, отчетноста и транспарентноста и понатаму ќе бидат клучни алатки во доброто владеење преку вклучување на граѓаните во процесот на креирањето на општинските политики.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен концерт на отворено

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен…

Јул 24, 2021 Вести

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ – подвижниот музеј на Македонија, репрезентот на македонското фолклорно богатство, орото, песната...

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Софилар

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Соф…

Јул 23, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Општина Струмица апелира до граѓаните од населбата Софилар да одговорат на повикот од Управата за имотно правни работи – Министерство за финансии, за ...

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Банско

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Бан…

Јул 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

По денешната теренска вакцинација во Муртино, утре (петок, 23 јули), тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица ќе биде во селата Габрово и Банско. Жител...

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станови во Струмица во понеделник во Дом на АРМ

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станов…

Јул 22, 2021 Најава

Се известуваат сите заинтересирани граѓани кои конкурирале на Огласот за  распределување на 37 социјални станови во општина Струмица, во станбена згра...

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Север“, „Климент Охридски“, „Ленинова“, Софилар

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Се…

Јул 22, 2021 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 23 јули), од 14:00 до 14:30 часот ќе има прекин на електричната енергија во Струмица: И...

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Фејсбук

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Ф…

Јул 21, 2021 Вести

Мажи од Струмица се уценувани со експлицитни видеа и фотографии.  Лажни профили на Фејсбук, претставувајќи се како млади девојки на возраст од 25 до ...

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на нов велосипед, планираните средства се уште не се потрошени

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на н…

Јул 21, 2021 Вести

По објавувањето на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување велосипеди во 2021 година, до денеска се поднесени вк...

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират против Ковид-19, медицински тим ќе биде во нивното село

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират п…

Јул 20, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица утре (среда, 21 јули), ќе ја реализира теренската вакцинација во селата Дабиље и Сачево. Жителите на Дабиље ут...