Италијанска делегација во посета на Струмица

Четврток, 08 Октомври 2015

Италијанска делегација од провинцијата Бјела во регионот Пјемонте, се во посета на Струмица

Италијанска делегација од провинцијата Бјела во регионот Пјемонте, се во посета на Струмица.


Во делегацијата од Италија се претставници од приватното средно училиште за угостителство и хотелиерство „Г. Пасторе“ и претседателот на стопанската комора, кои за време на престојот во Струмица ќе посетат неколку приватни компании за да се запознаат со нивните капацитети и да ги поврзат со адекватни партнери од Италија.


Денеска делегацијата, предводена од амбасадорот на Италија во Македонија, Масимо Белели и конзулот Стојан Витанов, имаше средба со градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.


На средбата, гостите од Италија ја презентираа идејата за соработка со општина Струмица, а градоначалникот Заев, поздравувајќи ја идејата за соработка ги презентираше можностите што ги нуди Општината.


„Денеска во присуство на амбасадорот на Република Италија, на директорот на училиштето и на менаџерот на самиот проект имаме прекрасна можност при оваа возвратна посета на нашето СОУ „Јане Сандански“, да развиваме прекрасни идеи за инвестирање. Тоа дотолку повеќе што кадрите од областа на угостителството се дефицитарни не само за нашата општина, туку и за целиот Југоисточен регион. Разговаравме за конкретни локации и денес после разговорите менаџментот ќе ја посети старата струмичка касарна. Таму можат да ги видат готовите објекти од поранешната касарна, но и локацијата која е предвидена за изградба на училиште. Се надевам дека една од овие можности ќе биде потврдена од страна на инвеститорите. Секако се работи за исполнување на уште неколку услови, но сме среќни што тука се развива една таква идеа, знаејќи ја поврзаноста на Струмица и Струмичкиот регион со Италија каде живеат и работат огромен број наши сограѓани и секако знаејќи ја потребата од воведувањето и изучувањето на италијанскиот јазик во струмичките училишта. Со една ваква идеја поклопуваме уште една потреба на Струмица, познатото кулинарство на Италија преку пастите, пиците и месото и целиот начин на подготовка на италијанската храна, а преку ова училиште во Струмица ќе биде една позитивна италијанска инвестиција во овој дел од нашата Македонија“ - рече градоначалникот Заев.


Искрените намери за соработка ги пренесе и амбасадорот на Италија во Македонија, Масимо Белели.


„Тука сме за да го направиме првиот чекор во овој процес на инвестирање во Струмица. Ќе почнеме со размена на ученици кои што ќе бидат мост на соработката меѓу двете земји. Од наша страна има позитивна реакција бидејќи со тоа се создаваат можности за креирање на нови работни места и тоа не само за општината, туку и пошироко за регионот“ - рече амбасадорот Белели.


За прифатената понуда за соработка се заблагодари Марко Виљоко, координатор на проектот и претставник на инвеститорите.


„Оваа идеја да се инвестира во Струмица е инвестиција во иднината на луѓето кои сакаат да работат во угостителството и туризмот. Се надеваме дека нашата идеја ќе биде прифатена и во поширокиот регион. Сакам да им се заблагодарам на градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица за соработката што ни ја овозможија, преку која ќе можеме да дојдеме и до идни партнери“ - рече Виљоко.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен концерт на отворено

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен…

Јул 24, 2021 Вести

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ – подвижниот музеј на Македонија, репрезентот на македонското фолклорно богатство, орото, песната...

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Софилар

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Соф…

Јул 23, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Општина Струмица апелира до граѓаните од населбата Софилар да одговорат на повикот од Управата за имотно правни работи – Министерство за финансии, за ...

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Банско

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Бан…

Јул 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

По денешната теренска вакцинација во Муртино, утре (петок, 23 јули), тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица ќе биде во селата Габрово и Банско. Жител...

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станови во Струмица во понеделник во Дом на АРМ

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станов…

Јул 22, 2021 Најава

Се известуваат сите заинтересирани граѓани кои конкурирале на Огласот за  распределување на 37 социјални станови во општина Струмица, во станбена згра...

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Север“, „Климент Охридски“, „Ленинова“, Софилар

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Се…

Јул 22, 2021 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 23 јули), од 14:00 до 14:30 часот ќе има прекин на електричната енергија во Струмица: И...

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Фејсбук

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Ф…

Јул 21, 2021 Вести

Мажи од Струмица се уценувани со експлицитни видеа и фотографии.  Лажни профили на Фејсбук, претставувајќи се како млади девојки на возраст од 25 до ...

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на нов велосипед, планираните средства се уште не се потрошени

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на н…

Јул 21, 2021 Вести

По објавувањето на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување велосипеди во 2021 година, до денеска се поднесени вк...

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират против Ковид-19, медицински тим ќе биде во нивното село

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират п…

Јул 20, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица утре (среда, 21 јули), ќе ја реализира теренската вакцинација во селата Дабиље и Сачево. Жителите на Дабиље ут...