Проектот „Купи куќа, купи стан“ презентиран во Струмица

Четврток, 08 Октомври 2015

Претставници од градежни компании и од банки, вклучени во реализацијата на проектот, ги појаснуваа можностите и условите за купување стан или куќа

Струмичани имаа можност преку презентацијата во Центарот за култура, да се запознаат со проектот „Купи куќа, купи стан“, условите кои се нудат за купување нов дом, пред се за млади брачни парови.


Претставници од градежни компании и од банки, вклучени во реализацијата на проектот, ги појаснуваа можностите и условите за купување стан или куќа, токму преку овој проект на Владата.


Можноста што ја дава Владата преку овој проект со субвенција за станбениот кредит за младиот Виктор Бабамов се повеќе од добри.


„Ова беше убава можност директно да се запознаеме со условите од проектот „Купи куќа, купи стан“. Разговарав со претставници од градежниот и од банкарскиот сектор и на мислење сум да аплицирам за купување на свој дом“ - рече Бабамов.


Во проектот на Владата свој интерес најдоа и градежните компании.


„Нашата градежна компанија „Жикол“ веќе ги почувствува првите ефекти од проектот „Купи куќа,купи стан“, бидејќи се зголеми бројот на граѓани, кои се интересираат за поволностите што ги нуди проектот. „Жикол“ на клиентите им нуди двособни, трособни и четворособни станови со квадратури од 49 до 100 метри квадратни и во изминатиот период имаме склучено повеќе договори за продажба на станови преку овој проект“ - вели Иван Бозов, маркетинг менаџер во „Жикол“ од Струмица.


Поддршката се состои од доделување субвенции-неповратни средства за исплата на станбен кредит и може да достигне до 14.000 евра во зависност од моделот кој ќе го изберат граѓаните.


ФОТОГАЛЕРИЈА

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен концерт на отворено

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен…

Јул 24, 2021 Вести

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ – подвижниот музеј на Македонија, репрезентот на македонското фолклорно богатство, орото, песната...

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Софилар

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Соф…

Јул 23, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Општина Струмица апелира до граѓаните од населбата Софилар да одговорат на повикот од Управата за имотно правни работи – Министерство за финансии, за ...

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Банско

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Бан…

Јул 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

По денешната теренска вакцинација во Муртино, утре (петок, 23 јули), тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица ќе биде во селата Габрово и Банско. Жител...

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станови во Струмица во понеделник во Дом на АРМ

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станов…

Јул 22, 2021 Најава

Се известуваат сите заинтересирани граѓани кои конкурирале на Огласот за  распределување на 37 социјални станови во општина Струмица, во станбена згра...

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Север“, „Климент Охридски“, „Ленинова“, Софилар

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Се…

Јул 22, 2021 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 23 јули), од 14:00 до 14:30 часот ќе има прекин на електричната енергија во Струмица: И...

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Фејсбук

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Ф…

Јул 21, 2021 Вести

Мажи од Струмица се уценувани со експлицитни видеа и фотографии.  Лажни профили на Фејсбук, претставувајќи се како млади девојки на возраст од 25 до ...

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на нов велосипед, планираните средства се уште не се потрошени

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на н…

Јул 21, 2021 Вести

По објавувањето на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување велосипеди во 2021 година, до денеска се поднесени вк...

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират против Ковид-19, медицински тим ќе биде во нивното село

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират п…

Јул 20, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица утре (среда, 21 јули), ќе ја реализира теренската вакцинација во селата Дабиље и Сачево. Жителите на Дабиље ут...