Претставници на општина Струмица учествуваа на обука за инклузивно образование

Петок, 02 Октомври 2015

Преку практични примери и студии на случај, присутните беа активно вклучени во изработката на вежбите и активностите

Дел од стручните соработници и по еден одделенски и предметен наставник од основното општинско училиште „Видое Подгорец“ и општинскиот просветен инспектор од Струмица, учествуваа на обука за инклузивно образование, следејќи ги презентациите од Модул 2, под мотото „Работење заедно за создавање инклузивни училишта“.


На обуката беа разработени повеќе теми од областа на комуникацијата и соработката, разбирањето на ограничувањата за партиципација, како и градењето на тимови за инклузија.


Преку практични примери и студии на случај, присутните беа активно вклучени во изработката на вежбите и активностите, со зададени домашни задачи за дисеминација на нивните колеги од училиштето.


Општина Струмица секогаш излегува во пресрет на барањата за внесување новини во областа на воспитно - образовната работа за ранливите групи, за кои е потребна посебна стратегија за инклузивно образование и секогаш ја дава потребната поддршка како од административно - технички, така и од логистички аспект.


Основното општинско училиште „Видое Подгорец“ е едно од малкуте училишта во Република Македонија, кои преку организираната форма на обуки од УНИЦЕФ, Бирото за развој на образованието и Македонскиот центар за граѓанско образование учествуваат во креирањето на политиката за инклузивно образование.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен концерт на отворено

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен…

Јул 24, 2021 Вести

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ – подвижниот музеј на Македонија, репрезентот на македонското фолклорно богатство, орото, песната...

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Софилар

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Соф…

Јул 23, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Општина Струмица апелира до граѓаните од населбата Софилар да одговорат на повикот од Управата за имотно правни работи – Министерство за финансии, за ...

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Банско

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Бан…

Јул 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

По денешната теренска вакцинација во Муртино, утре (петок, 23 јули), тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица ќе биде во селата Габрово и Банско. Жител...

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станови во Струмица во понеделник во Дом на АРМ

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станов…

Јул 22, 2021 Најава

Се известуваат сите заинтересирани граѓани кои конкурирале на Огласот за  распределување на 37 социјални станови во општина Струмица, во станбена згра...

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Север“, „Климент Охридски“, „Ленинова“, Софилар

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Се…

Јул 22, 2021 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 23 јули), од 14:00 до 14:30 часот ќе има прекин на електричната енергија во Струмица: И...

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Фејсбук

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Ф…

Јул 21, 2021 Вести

Мажи од Струмица се уценувани со експлицитни видеа и фотографии.  Лажни профили на Фејсбук, претставувајќи се како млади девојки на возраст од 25 до ...

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на нов велосипед, планираните средства се уште не се потрошени

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на н…

Јул 21, 2021 Вести

По објавувањето на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување велосипеди во 2021 година, до денеска се поднесени вк...

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират против Ковид-19, медицински тим ќе биде во нивното село

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират п…

Јул 20, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица утре (среда, 21 јули), ќе ја реализира теренската вакцинација во селата Дабиље и Сачево. Жителите на Дабиље ут...