Петиција против „барокниот изглед“ на старата Полициска зграда

Сабота, 26 Септември 2015

На четири пунктови во градот, денеска над 1000 струмичани со својот потпис дадоа поддршка за иницијативата на платформата „Граѓанска демократија“

Невладини организации од Струмица започнаа постапка за собирање потписи од граѓаните, против идејното решение за изгледот на зградата на старата Полициска станица во Струмица, која цел месец се реконструира за да се адаптира во зграда на државната администрација.


На четири пунктови во градот, денеска над 1000 струмичани со својот потпис дадоа поддршка за иницијативата на платформата „Граѓанска демократија“, со која се бара да се измени решението за изгледот на објектот.


„Денеска за само неколку часа собравме над 1000 потписи од нашите сограѓани, кои не се согласуваат со идејата да се потрошат над 1 милион евра за да се изгради барокна зграда на местото на старата полиција, место кое беше заборавено повеќе од пет години од страна на власта. Ние не сме против Струмица да добие нова зграда, но нека биде со лик кој ќе се вклопи со амбиентот во Струмица, а не со барок“ - вели Ацо Оздоленовски од платформата „Граѓанска демократија“.

 


Собирањето потписи ќе трае во следните петнаесет дена и откако ќе се соберат 2000 потписи, истите ќе бидат доставени до Министерството за финансии, под чија надлежност е објектот и пратениците во Собранието на Република Македонија од Струмичкиот регион, со цел да делуваат за промени на оваа идејно решение.


Од Министерството за финансии најавија дека реконструкцијата на овој објект, во кој ќе бидат сместени Подрачни единици на неколку државни институции, ќе заврши за околу десет месеци.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен концерт на отворено

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен…

Јул 24, 2021 Вести

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ – подвижниот музеј на Македонија, репрезентот на македонското фолклорно богатство, орото, песната...

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Софилар

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Соф…

Јул 23, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Општина Струмица апелира до граѓаните од населбата Софилар да одговорат на повикот од Управата за имотно правни работи – Министерство за финансии, за ...

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Банско

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Бан…

Јул 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

По денешната теренска вакцинација во Муртино, утре (петок, 23 јули), тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица ќе биде во селата Габрово и Банско. Жител...

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станови во Струмица во понеделник во Дом на АРМ

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станов…

Јул 22, 2021 Најава

Се известуваат сите заинтересирани граѓани кои конкурирале на Огласот за  распределување на 37 социјални станови во општина Струмица, во станбена згра...

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Север“, „Климент Охридски“, „Ленинова“, Софилар

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Се…

Јул 22, 2021 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 23 јули), од 14:00 до 14:30 часот ќе има прекин на електричната енергија во Струмица: И...

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Фејсбук

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Ф…

Јул 21, 2021 Вести

Мажи од Струмица се уценувани со експлицитни видеа и фотографии.  Лажни профили на Фејсбук, претставувајќи се како млади девојки на возраст од 25 до ...

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на нов велосипед, планираните средства се уште не се потрошени

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на н…

Јул 21, 2021 Вести

По објавувањето на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување велосипеди во 2021 година, до денеска се поднесени вк...

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират против Ковид-19, медицински тим ќе биде во нивното село

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират п…

Јул 20, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица утре (среда, 21 јули), ќе ја реализира теренската вакцинација во селата Дабиље и Сачево. Жителите на Дабиље ут...