Отворена изложбата „Црвениот бик“ на Александар Филев

Сабота, 26 Септември 2015

Пред големиот број љубители на ликовната уметност, за најновиот творечки опус на Филев, говореше архиологот м-р Зоран Рујак

Синоќа во изложбениот простор 1 и 2 на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица беше отворена самостојната изложба „Црвениот бик“ на струмичкиот ликовен уметник Александар Филев.


Пред големиот број љубители на ликовната уметност, за најновиот творечки опус на Филев, говореше архиологот м-р Зоран Рујак, кој истакна дека делата од циклусот „Црвениот бик“, во себе носат јасен, препознатлив и автентичен белег на овој млад струмички уметник.


„Во својот автентичен уметнички ракопис, Филев како да бара некаква нова материја. Во привидниот хаос и чудесниот неред се раѓаат обриси на силни, енергетски набиени и динамички форми на митски суштества, кои постепено се трансформираат во бикови, коњи и јавачи. Делата на Александар, претставуваат бојно поле на кое тој се бори со своите визии и емоции, кои жестоко еруптираат пред нашите очи“ - рече Рујак, отворајќи ја изложбата.


Во неговото десетгодишно творештво, по изложбите во 2007-та и 2012-та година, ова е трета самостојна изложба на Александар Филев пред струмичката културна јавност. За неговиот најнов опус, „Цвениот бик“, Филев вели дека е дело на творечкиот занес во последните две години.


„За разлика од мојот претходен творечки период во кој доминира апстрактното сликарство, во овој циклус моја инспирација се моќта, силата и енергичноста, плодноста и издржливоста на коњот и бикот. Токму во оваа нивната симболика ја наоѓам и мојата творечка енергија, која преку експресијата и мигот на создавање, ме води во нови уметнички изрази“ - вели Филев.


Шеесеттината дела на Александар Филев ќе бидат изложени пред струмичани до крајот на месец октомври.


ФОТОГАЛЕРИЈА

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Денеска Струмица со пет новозаразени лица со Ковид-19

Денеска Струмица со пет новозаразени лица со Ковид-19

Авг 01, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од направените 5.759 тестирања, регистрирани се 72 нови случаи на КОВИД-19, од кои 5 ...

Запалена сува трева кај Просениково, пожарот зафатил и објект

Запалена сува трева кај Просениково, пожарот зафатил и објек…

Авг 01, 2021 Вести

Противпожарната единица на Струмица информира дека утринава во 08:47 часот интервенирале со две противпожарни возила и пет пожарникари во атарот на се...

Пунктот за вакцинација во салата на ООУ„ Никола Вапцаров“ нема да се затвора, теренска вакцинација и за втората доза во селата

Пунктот за вакцинација во салата на ООУ„ Никола Вапцаров“ не…

Авг 01, 2021 Вести

Од ЈЗУ „Здравствен дом“ во Струмица информираат дека поради се поголемиот интерес за вакцинација, пунктот во спортската сала на училиштето „Никола Вап...

Прва изложба на креаторката Данче Лазарова - Морето како инспирација за модните дизајни

Прва изложба на креаторката Данче Лазарова - Морето како инс…

Авг 01, 2021 Вести

Младата креаторка од Струмица, Данче Лазарова, во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ја постави својата прва изложба со модни креации. Инс...

Во „pop-up продавницата“ со промовирање на био-базирани производи се одржа и работилница за развој на биоекономијата

Во „pop-up продавницата“ со промовирање на био-базирани прои…

Авг 01, 2021 Вести

На вториот ден од отвoрањето на био-базираната pop-up продавница во Струмица, струмичани имаа можност да бидат дел од работилницата каде се дискутираш...

„Happy Pluto Pizza Factory“ Струмица вработува

„Happy Pluto Pizza Factory“ Струмица вработува

Авг 01, 2021 Веб Билборд

Поради зголемен обем на работа „Happy Pluto Pizza Factory“ Струмица има потреба од девојка за работа. Повеќе информации и пријавување на: 071/420-255...

Струмичанката Славица Кутиров ќе раководи со Царинската управа

Струмичанката Славица Кутиров ќе раководи со Царинската упра…

Јул 31, 2021 Вести

Струмичанката Славица Кутиров ја презема директорската функција во Царинската управа од досегашниот в.д. директор Горан Сугарески. Таа досега беше зам...

Уште еден новозаразен со Ковид-19 во Струмица, во Македонија денеска 81 нов случај

Уште еден новозаразен со Ковид-19 во Струмица, во Македонија…

Јул 31, 2021 Вести

Во последните 24 часа од направените 5.315 тестирања, регистрирани се 81 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 27 Тетово – 25 Куманово – 9 Гостивар –...