Испечатете ја страната

Во Струмица младите се запознаа со работата на Европската унија

Петок, 25 Септември 2015

„НОВУС“ организираше обука за европско делување на младите струмичани поддржана од општина Струмица

Здружението „НОВУС“ денеска организираше работилница на тема „Запознавање на Европската унија и работата и структурата на институциите на ЕУ“ во рамките на проектот „Запознај ја Европската унија – делувај европски“, кој што е поддржан со средства од буџетот на општина Струмица, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија на граѓани.


„Целта на оваа работилница е да се запознаат граѓаните, посебно младата популација со начинот на функционирање на Европската унија, како работат нејзините институции, но и да промовираме европски вредности и принципи. Во рамките на овој проект ќе биде реализирана уште една работилница, конкретно за ЕРАЗМУС плус и за европските фондови, ќе организираме јавна дебата, а ќе биде распишан и јавен повик за објавување на трудови поврзани со ЕУ. Паралелно со овие работилници и активности ќе работиме и на истражување преку кое сакаме да испитаме колку граѓаните се запознаени со Европската унија и нејзините институции и дали со влезот на Македонија во ЕУ, ќе се подобри животниот стандард на граѓаните и дали ќе има подобра иднина за младите“ - рече Ѓорги Тасев од здружението „НОВУС“.


Според Андреја Стојковски, претседател на Македонскиот центар за европско образование, кој беше предавач и обучувач на работилницата, оваа иницијатива на „НОВУС“ е за поздравување затоа што таа е поддршка на процесот на зачленување на Македонија во ЕУ.


„Процесот на пристапување во ЕУ не е пристапување на државата бидејќи тоа не може да застане тука, односно, пристапувањето не завршува со пристапувањето на државата, граѓаните се тие што пристапуваат во Унијата и од таму информирањето и едуцирањето на граѓаните за ЕУ, за начинот на кој што функционира и ги креира своите политики, е особено важен. Ова е работа која државата треба самата да ја направи и секоја иницијатива која постои, особено ваква иницијатива која што ја презема граѓанското општество е за поздравување, затоа што е поддршка на тој процес. Денеска имаме триесетина млади луѓе од Струмица кои верувам ќе го почнат својот работен век во ЕУ“ - рече Стојковски.

Галерија

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Василево се обврзаа дека кампањата ќе ја водат во духот на демократијата

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Василево се о…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

И кандидатите за градоначалник на општина Василево, Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Јанев од СДСМ го потпишаа Кодексот за фер и демократски избор...

Зоран Зимбаков и Ристо Манчев - кандидати за градоначалник на општина Босилово го потпишаа Кондексот за фер и демократски избори

Зоран Зимбаков и Ристо Манчев - кандидати за градоначалник н…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Зоран Зимбаков од СДСМ и Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ, кандидати за градоначалник на општина Босилово се обврзаа дека за време на предизборната кампања...

Кандидатите за градоначалник на општина Ново Село потпишаа Кодекс за фер и демократски избори

Кандидатите за градоначалник на општина Ново Село потпишаа К…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Ново Село, Ѓорги Божинов од ВМРО-ДПМНЕ и Звонко Ангелов од СДСМ, денеска го потпишаа Кодексот за фер и ...

Пописот завршува на 30 септември, од утре граѓаните кои не се попишани сами ќе можат да го направат тоа во општината

Пописот завршува на 30 септември, од утре граѓаните кои не с…

Сеп 24, 2021 Вести

Заклучно до денеска до 12:00 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435 илјади домаќинства и над 600 илјади станови, а се самопопишани 195.47...

Кандидатите за градоначалник на Струмица се изгушкаа и се обврзаа дека ќе водат фер кампања

Кандидатите за градоначалник на Струмица се изгушкаа и се об…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Канидатите за градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов од СДСМ, Жан Дрвошанов од ВМРО-ДПМНЕ и Васе Витанов од ИНТЕГРА, денеска во салата...

„Цитроен“ удрил во жена која се движела со велосипед

„Цитроен“ удрил во жена која се движела со велосипед

Сеп 24, 2021 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 08:45 часот во Струмица после кружниот тек на булеварот „Ленинова“ со улицата „Цветан Димов“, пред Амфитеатаро...

„Vertex BPO“ ВРАБОТУВА искусни ДИСПЕЧЕРИ на камиони кои оперираат на американски пазар

„Vertex BPO“ ВРАБОТУВА искусни ДИСПЕЧЕРИ на камиони кои опер…

Сеп 24, 2021 Веб Билборд

Компанијата „Vertex BPO“ Струмица ВРАБОТУВА искусни ДИСПЕЧЕРИ на камиони кои оперираат на американски пазар. Нашиот тим секојдневно расте! Придружете...

Универзитетот Американ Колеџ во Скопје потпиша Меморандум за соработка со струмичкиот бренд „ЖИКОЛ“

Универзитетот Американ Колеџ во Скопје потпиша Меморандум за…

Сеп 23, 2021 Вести

Директорот на струмичката компанија „ЖИКОЛ“, Никола Пандев и проф. д-р Марјан Бојаџиев, Провост на Универзитет Американ Колеџ Скопје, потпишаа Меморан...