„Црвениот бик“ на Александар Филев вечерва пред струмичани

Петок, 25 Септември 2015

Вечерва од 19:30 часот пред струмичани во изложбениот простор 1 и 2 на НУЦК „Антон Панов“

„Црвениот бик“ е насловена самостојната изложба на струмичкиот ликовен уметник Александар Филев. Вечерва од 19:30 часот пред струмичани во изложбениот простор 1 и 2 на НУЦК „Антон Панов“.


Ова е седма самостојна изложба на Филев, по трет пат во Струмица, на која ќе бидат презентирани 60-тина дела работени во техниката масло на платно, работени во изминатите две години. Изложбата ќе ја отвори архиологот м-р Зоран Рујак.

 


Александар Филев е роден 1982 година во Струмица. Завршил средно училиште за применета уметност „Лазар Личеноски“ и Факултет за ликовни уметности во Скопје - Отсек сликарство со конзервација и реставрација во класата на проф. Благоја Маневски. Од 2001 до 2010 година работи како асистент, а од 2010 како ментор и раководител во отвореното студио за современ мозаик во рамките на Меѓународната струмичка ликовна колонија. Учесник е во изработката на монументалните мозаици во Пелинце, по повод 60 години АСНОМ.


Самостојни изложби - (2007) во НУЦК „Антон Панов“ Струмица, (2009) во Културно информативниот центар во Софија, (2010) Центарот за култура Куманово, (2012) во НУЦК „Антон Панов“ Струмица, (2014) Уметничка галерија Безистен во Штип, (2014) Центар за култура „Марко Цепенков“ Прилеп.


Учесник е на повеќе групни изложби и ликовни колонии во земјата и странство. Во 2009 година во Брациано „Мозаико Огги“ - Италија, добитник на награда за успешно мозаичко решение. Неговите дела се наоѓаат во многу приватни и државни институции како и во Меѓународната струмичка ликовна колонија, Музејот за современ мозаик во Брациано - Италија и мозаици во повеќе сакрални објекти во земјата и странство.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен концерт на отворено

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен…

Јул 24, 2021 Вести

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ – подвижниот музеј на Македонија, репрезентот на македонското фолклорно богатство, орото, песната...

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Софилар

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Соф…

Јул 23, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Општина Струмица апелира до граѓаните од населбата Софилар да одговорат на повикот од Управата за имотно правни работи – Министерство за финансии, за ...

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Банско

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Бан…

Јул 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

По денешната теренска вакцинација во Муртино, утре (петок, 23 јули), тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица ќе биде во селата Габрово и Банско. Жител...

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станови во Струмица во понеделник во Дом на АРМ

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станов…

Јул 22, 2021 Најава

Се известуваат сите заинтересирани граѓани кои конкурирале на Огласот за  распределување на 37 социјални станови во општина Струмица, во станбена згра...

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Север“, „Климент Охридски“, „Ленинова“, Софилар

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Се…

Јул 22, 2021 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 23 јули), од 14:00 до 14:30 часот ќе има прекин на електричната енергија во Струмица: И...

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Фејсбук

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Ф…

Јул 21, 2021 Вести

Мажи од Струмица се уценувани со експлицитни видеа и фотографии.  Лажни профили на Фејсбук, претставувајќи се како млади девојки на возраст од 25 до ...

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на нов велосипед, планираните средства се уште не се потрошени

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на н…

Јул 21, 2021 Вести

По објавувањето на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување велосипеди во 2021 година, до денеска се поднесени вк...

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират против Ковид-19, медицински тим ќе биде во нивното село

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират п…

Јул 20, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица утре (среда, 21 јули), ќе ја реализира теренската вакцинација во селата Дабиље и Сачево. Жителите на Дабиље ут...