Нова Стратегија за локален економски развој 2016–2020 година

Среда, 23 Септември 2015

Општина Струмица изработува нова Стратегија за локален економски развој 2016-2020 година

Локалниот економско социјален совет на општина Струмица, денеска одржа работен состанок, на кој главна тема беше изработката на Стратегија за локален економски развој на општината за периодот 2016–2020 година.


На иницијатива на Локалниот економско социјален совет, а во рамките на редовните работни обврски, на овој работен состанок, на кој што се поканети сите релевантни актери во локалната заедница, да разговараат и да започнат еден процес за креирање нова Стратегија за локален економски развој за периодот 2016-2020 година, со една единствена цел да го подобрат и унапредат развојот на општина Струмица, создавајќи нови можности и перспективи за граѓаните на општина Струмица.


„Оваа активност на Секторот за локален економски развој и заштита на животната средина при општина Струмица, финансиски е поддржана од проектот на УСАИД „Младинска мрежа за стекнување вештини при вработувањето (ЈЕС мрежа)“, заради што цврсто верувам дека сите присутни тука заедно со граѓаните ќе ги стават на располагање сите свои знаења и капацитети да искреираат еден здрав, содржаен стратешки документ, кој ќе биде реално остварлив и кој ќе значи потврда дека општина Струмица и понатаму останува една од најразвиените општини во државата, а со тоа го задржува и приматот за најпосакувано место за живеење“ - рече Тони Милушев претседавач на Локалниот економско социјален совет на општина Струмица.


На состанокот присуствуваа членови на Советот на општина Струмица, претставници на општинската администрација, јавните претпријатија, бизнис заедницата и невладиниот сектор.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен концерт на отворено

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен…

Јул 24, 2021 Вести

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ – подвижниот музеј на Македонија, репрезентот на македонското фолклорно богатство, орото, песната...

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Софилар

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Соф…

Јул 23, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Општина Струмица апелира до граѓаните од населбата Софилар да одговорат на повикот од Управата за имотно правни работи – Министерство за финансии, за ...

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Банско

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Бан…

Јул 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

По денешната теренска вакцинација во Муртино, утре (петок, 23 јули), тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица ќе биде во селата Габрово и Банско. Жител...

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станови во Струмица во понеделник во Дом на АРМ

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станов…

Јул 22, 2021 Најава

Се известуваат сите заинтересирани граѓани кои конкурирале на Огласот за  распределување на 37 социјални станови во општина Струмица, во станбена згра...

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Север“, „Климент Охридски“, „Ленинова“, Софилар

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Се…

Јул 22, 2021 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 23 јули), од 14:00 до 14:30 часот ќе има прекин на електричната енергија во Струмица: И...

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Фејсбук

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Ф…

Јул 21, 2021 Вести

Мажи од Струмица се уценувани со експлицитни видеа и фотографии.  Лажни профили на Фејсбук, претставувајќи се како млади девојки на возраст од 25 до ...

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на нов велосипед, планираните средства се уште не се потрошени

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на н…

Јул 21, 2021 Вести

По објавувањето на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување велосипеди во 2021 година, до денеска се поднесени вк...

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират против Ковид-19, медицински тим ќе биде во нивното село

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират п…

Јул 20, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица утре (среда, 21 јули), ќе ја реализира теренската вакцинација во селата Дабиље и Сачево. Жителите на Дабиље ут...