Општина Струмица комплетно ја завршила проценката на штетите од поплавите

Среда, 23 Септември 2015

Ѓоргиев: Општина Струмица комплетно ги заврши своите законски обврски околу проценката на штетите од поплавите

Ацо Ѓоргиев, претседател на Комисијата за утврдување и проценка на штети настанати од природни непогоди и други несреќи при Советот на општина Струмца, денеска, одржа прес конференција на која потенцираше дека општина Струмица комплетно и навремено ги заврши своите законски обврски околу проценката на штетите од поплавите кои што ја зафатија општината на почетокот на оваа година. Истовремено, апелираше до надлежните државни институции да бидат обесштетени и граѓаните кои претрпеа штети во домаќинствата, а исто така да се исплатат и парите за штетите кај инфраструктурните објекти и за земјоделските површини кои не беа посадени.


Интегрален текст од прес конференцијата:


„Сакаме да ја информираме јавноста, а посебно оние граѓани чии имоти настрадаа во поплавите што се случија во почетокот на оваа година, дека Комисијата за утврдување и процена на штети настанати од природни непогоди и други несреќи при Советот на општина Струмица навремено ги изврши сите задачи кои произлегуваат од нејзината надлежност.


Имено, најпрвин постапувајки според Законот за заштита и спасување како и Единствената методологија за процена на штети, Комисијата изготви два извештаја за процена на штети од поплавите, кои беа усвоени од Советот на општина Струмица на 23 март, односно на 7 мај, а истите беа доставени и одобрени од Второстепената комисија за процена на штети при Владата на Република Македонија.


Потенцираме, Комисијата има надлежност да постапува исклучиво според Законот за заштита и спасување како и Единствената методологија за процена на штети. Дополнително, на Комисијата и беше наложено да изврши повторна обработка на податоците и тоа овој пат според Законот за земјоделство и рурален развој, а во соработка со Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Струмица.


Иако дел од активностите излегуваат надвор од нејзината надлежност, сепак Комисијата за процена на штети ги спроведе се со цел граѓаните чии имоти беа поплавени да бидат побрзо и поточно обесштетени.


Имаме сознанија дека во средината на септември на поголемиот број од граѓаните кои имаа поднесено барање за процена на штета од поплавата од 23 јануари, им било исплатено обештетувањето, но само за штетите на земјоделските површини кои беа посадени.


Според наши сознанија проценките за обештетување се вршени во Бирото за судско вештачење во Скопје, а исплатени преку Агенцијата за финансиска подршка на земјоделието, додека од општина Струмица беа земени само основните податоци – вид на засадена култура, засадена површина и процент на оштетеност.


Што се однесува до проценката и исплатата на штетите на домаќинствата, покуќнината, помошните простории и инфраструктурните објекти како и штетите на земјоделските површини кои не беа посадени, истите не се земени во предвид, и од тие причини апелираме до надлежните државни институции и тие да бидат обесштетени.


Исто така, сакаме да ги информираме граѓаните дека Комисијата за процена на штети од природни непогоди и други несреќи при Советот на општина Струмица, ги спроведе сите активности за обработка на податоците од втората поплава, односно поплавата од внатрешни води која се случи на територијата на општина Струмица во периодот март – април 2015 година.


Сите потребни документи за обесштетување на граѓаните од штетите од оваа поплава се веќе испратени до надлежните институции во Скопје на понатамошна обработка и се надеваме дека во најскоро време ќе се изврши исплатата на средствата“ - изјави Ѓоргиев.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Денеска Струмица со пет новозаразени лица со Ковид-19

Денеска Струмица со пет новозаразени лица со Ковид-19

Авг 01, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од направените 5.759 тестирања, регистрирани се 72 нови случаи на КОВИД-19, од кои 5 ...

Запалена сува трева кај Просениково, пожарот зафатил и објект

Запалена сува трева кај Просениково, пожарот зафатил и објек…

Авг 01, 2021 Вести

Противпожарната единица на Струмица информира дека утринава во 08:47 часот интервенирале со две противпожарни возила и пет пожарникари во атарот на се...

Пунктот за вакцинација во салата на ООУ„ Никола Вапцаров“ нема да се затвора, теренска вакцинација и за втората доза во селата

Пунктот за вакцинација во салата на ООУ„ Никола Вапцаров“ не…

Авг 01, 2021 Вести

Од ЈЗУ „Здравствен дом“ во Струмица информираат дека поради се поголемиот интерес за вакцинација, пунктот во спортската сала на училиштето „Никола Вап...

Прва изложба на креаторката Данче Лазарова - Морето како инспирација за модните дизајни

Прва изложба на креаторката Данче Лазарова - Морето како инс…

Авг 01, 2021 Вести

Младата креаторка од Струмица, Данче Лазарова, во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ја постави својата прва изложба со модни креации. Инс...

Во „pop-up продавницата“ со промовирање на био-базирани производи се одржа и работилница за развој на биоекономијата

Во „pop-up продавницата“ со промовирање на био-базирани прои…

Авг 01, 2021 Вести

На вториот ден од отвoрањето на био-базираната pop-up продавница во Струмица, струмичани имаа можност да бидат дел од работилницата каде се дискутираш...

„Happy Pluto Pizza Factory“ Струмица вработува

„Happy Pluto Pizza Factory“ Струмица вработува

Авг 01, 2021 Веб Билборд

Поради зголемен обем на работа „Happy Pluto Pizza Factory“ Струмица има потреба од девојка за работа. Повеќе информации и пријавување на: 071/420-255...

Струмичанката Славица Кутиров ќе раководи со Царинската управа

Струмичанката Славица Кутиров ќе раководи со Царинската упра…

Јул 31, 2021 Вести

Струмичанката Славица Кутиров ја презема директорската функција во Царинската управа од досегашниот в.д. директор Горан Сугарески. Таа досега беше зам...

Уште еден новозаразен со Ковид-19 во Струмица, во Македонија денеска 81 нов случај

Уште еден новозаразен со Ковид-19 во Струмица, во Македонија…

Јул 31, 2021 Вести

Во последните 24 часа од направените 5.315 тестирања, регистрирани се 81 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 27 Тетово – 25 Куманово – 9 Гостивар –...