Градоначалникот Заев не стои зад денешниот протест на граѓанскиот сектор

Вторник, 22 Септември 2015

Од Општина Струмица со реакција на денешната прес конференција на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и бара јавно извинување од нив

Од Општина Струмица со реакција на денешната прес конференција на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и бара јавно извинување од нив.


„Општина Струмица најостро ги демантира обвинувањата на советничката група на ВМРО ДПМНЕ дека зад денешниот протест на граѓанскиот сектор против барокот на Груевски во Струмица, стои градоначалникот Зоран Заев. И поради тоа бара јавно извинување.


Советниците на ВМРО ДПМНЕ уште еднаш, попладнево, ја излажаа јавноста. Нивната влада не гради објект во Струмица, таа и не направила такво нешто досега, туку, реконструира објект, кој прво го остави да се распаѓа цели пет години, за сега да вложува 1,1 милион евра, народни пари во него. И каде беа советниците на ВМРО ДПМНЕ кога реагираа граѓаните за пропаѓањето на објектот? Немо молчеа пет години, а денеска ја замајуваат јавноста со нивните лаги. И во чие име реагираат, што се тие, советници, влада, членови на ВМРО ДПМНЕ?


Ако објектот е од големо значење за граѓаните и компаниите, како што велат, зошто Владата го остави 5 години да пропаѓа и да стане дувло во централното градско подрачје? Како тоа сега наеднаш, стана многу значаен објект.


Советници од ВМРО ДПМНЕ,


Попладнево без срам, рековте, доколку Заев беше нормален градоначалник ќе излезеше да се заблагодари. Колку ниско од Ваша страна. Да беше ова навистина нов објект на владата, градоначалникот Зоран Заев има доблест и ќе се заблагодареше, но имате ли Вие доблест да ги извадите розовите очила и да видите дека не е се така нормално околу Вас, како што ви кажува Вашиот премиер. Имате ли доблест да ги посетите неисчистените речни корита и канали и да и кажете на Вашата влада оти со години ги лажете луѓето, а се уште не сте исчистиле ниту еден метар во општина Струмица. Но, Вие не сте такви“ - стои во писмената реакција од Општина Струмица.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен концерт на отворено

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен…

Јул 24, 2021 Вести

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ – подвижниот музеј на Македонија, репрезентот на македонското фолклорно богатство, орото, песната...

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Софилар

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Соф…

Јул 23, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Општина Струмица апелира до граѓаните од населбата Софилар да одговорат на повикот од Управата за имотно правни работи – Министерство за финансии, за ...

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Банско

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Бан…

Јул 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

По денешната теренска вакцинација во Муртино, утре (петок, 23 јули), тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица ќе биде во селата Габрово и Банско. Жител...

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станови во Струмица во понеделник во Дом на АРМ

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станов…

Јул 22, 2021 Најава

Се известуваат сите заинтересирани граѓани кои конкурирале на Огласот за  распределување на 37 социјални станови во општина Струмица, во станбена згра...

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Север“, „Климент Охридски“, „Ленинова“, Софилар

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Се…

Јул 22, 2021 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 23 јули), од 14:00 до 14:30 часот ќе има прекин на електричната енергија во Струмица: И...

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Фејсбук

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Ф…

Јул 21, 2021 Вести

Мажи од Струмица се уценувани со експлицитни видеа и фотографии.  Лажни профили на Фејсбук, претставувајќи се како млади девојки на возраст од 25 до ...

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на нов велосипед, планираните средства се уште не се потрошени

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на н…

Јул 21, 2021 Вести

По објавувањето на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување велосипеди во 2021 година, до денеска се поднесени вк...

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират против Ковид-19, медицински тим ќе биде во нивното село

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират п…

Јул 20, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица утре (среда, 21 јули), ќе ја реализира теренската вакцинација во селата Дабиље и Сачево. Жителите на Дабиље ут...