ВМРО-ДПМНЕ: Заев организираше луѓе да протестираат што Владата гради во Струмица

Вторник, 22 Септември 2015

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Струмица, денеска со реакција на прес конференцијата на невладините организации од Струмица

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Струмица, денеска со реакција на прес конференцијата на невладините организации од Струмица, кои се против идејното решение за новиот изглед на старата Полициска зграда.


Според д-р Катица Маранѓозова, Заев бил прв градоначалник во светот кој градоначалничката функција ја сваќа како можност за делење тендери и ситкање парцели за лично богатење. Таа го обвини Заев дека организирал луѓе да протестираат поради тоа што Владата гради објект во Струмица, против инвестицијата вредна над 1 милион евра.


„Замислете до каде оди паметот на овој човек, да тера луѓе да протестираат, бидејќи Владата гради објект кој е во интерес на Струмица и струмичани. После ова што го видовме денес се поставува прашањето, што наредно ќе направи Заев? Има ли подолно нешто од ова? Има ли крај на овие лудории на Заев?“ - изјави Маранѓозова, потенцирајќи дека додека Владата гради, Заев лаже. Додека Владата решава проблеми на граѓаните Заев прави опструкции и шири омраза. Додека Владата е во постојан контакт со граѓаните, Заев бега од граѓаните.


Маранѓозова информираше дека објектот што го гради Владата во вредност од над 1 милион евра, е од големо значење за граѓаните и компаниите од Струмица и дека оваа владина инвестиција значи олеснување на услугите за граѓаните, но и заживување на тој дел од градот, како што вели таа, поздравено од сите реални луѓе.


„Единствено Заев и неговите најблиски соработници, кои се скарани со реалноста, не сакаат да ја признаат корисноста од овој објект. Доколку Заев беше нормален градоначалник, наместо да организира вакви реакции, ќе излезеше и ќе се заблагодареше на Владата за оваа инвестиција. Но Заев не е таков“ - рече Катица Маранѓозова на денешната прес конференција пред поранешната Полициска станица, додавајќи дека Заев треба да се повлече од градоначалничката позиција и да остави Струмица да се развива.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен концерт на отворено

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен…

Јул 24, 2021 Вести

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ – подвижниот музеј на Македонија, репрезентот на македонското фолклорно богатство, орото, песната...

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Софилар

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Соф…

Јул 23, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Општина Струмица апелира до граѓаните од населбата Софилар да одговорат на повикот од Управата за имотно правни работи – Министерство за финансии, за ...

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Банско

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Бан…

Јул 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

По денешната теренска вакцинација во Муртино, утре (петок, 23 јули), тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица ќе биде во селата Габрово и Банско. Жител...

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станови во Струмица во понеделник во Дом на АРМ

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станов…

Јул 22, 2021 Најава

Се известуваат сите заинтересирани граѓани кои конкурирале на Огласот за  распределување на 37 социјални станови во општина Струмица, во станбена згра...

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Север“, „Климент Охридски“, „Ленинова“, Софилар

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Се…

Јул 22, 2021 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 23 јули), од 14:00 до 14:30 часот ќе има прекин на електричната енергија во Струмица: И...

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Фејсбук

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Ф…

Јул 21, 2021 Вести

Мажи од Струмица се уценувани со експлицитни видеа и фотографии.  Лажни профили на Фејсбук, претставувајќи се како млади девојки на возраст од 25 до ...

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на нов велосипед, планираните средства се уште не се потрошени

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на н…

Јул 21, 2021 Вести

По објавувањето на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување велосипеди во 2021 година, до денеска се поднесени вк...

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират против Ковид-19, медицински тим ќе биде во нивното село

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират п…

Јул 20, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица утре (среда, 21 јули), ќе ја реализира теренската вакцинација во селата Дабиље и Сачево. Жителите на Дабиље ут...