Невладините од Струмица не сакаат барок!

Вторник, 22 Септември 2015

Во наредниве денови граѓанските здруженија од општина Струмица на повеќе отворени пунктови во градот ќе собираат потписи против ова идејно решение

Претставници на граѓанскиот сектор, односно од Невладините организации од Струмица, денеска пред поранешната Полициска станица во Струмица одржаа прес конференција на која се „побунија“ на идејното решение за новиот изглед на старата Полициска зграда, која од минатиот месец, Владата на Република Македонија почна да ја реконструира.


„Како што можевме да слушнеме, за десет месеци, почнувајќи од денес, токму овде треба да изникне т.н. бароктен објект и за кој треба да бидат потрошени 1,1 милион евра буџетски пари т.е. пари на граѓаните на Република Македонија, а без притоа да има каква било расправа или пак, на кој било начин да бидат консултирани граѓаните на општина Струмица да го изразат своето мислење. Почитувани сограѓани, ако се суди според најавеното идејно решение за обликот на градбата на објектот, неминовно се наметнува заклучокот дека оваа градба никако не може да се вклопи ниту во урбаното опкружување, ниту пак во урбаната живејачка. Затоа, ние, граѓанските организации од општина Струмица, денеска сме тука да го изразиме нашето несогласување и нашиот став по однос на ова прашање и да укажеме дека во овој момент кога половина од населението тоне во сиромаштија, а другата половина во потрага по пристоен живот, масовно се иселува во западноевропските земји, воопшто нема потреба од трошење милионска сума на пари за т.н. „барокни зданија“ кои, патем, беа актуелни во 18 век. Денес ја живееме ерата на постмодернизмот, чиешто главно обележје е минимализмот, а не раскошот и кичот. Живееме во 21 век и така треба да се однесуваме, а не ретроградно и со брзина на светлината да се враќаме назад. Струмица е европски град, град со своја повеќевековна традиција, обичаи, култура и културна живејачка и струмичани многу добро знаат што е потребно, а што не во нивниот град. Затоа, сакаме да упатиме јасна и гласна порака: Струмица не сака никакви т.н. барокни зданија и кич-објекти и Струмица не смее да дозволи да биде зафатена од „вирусот“ на барокизмот“ - рече Јасмина Поркоевиќ Миленковиќ од ЕД „Планетум“.


Таа информираше дека во наредниве денови граѓанските здруженија од општина Струмица на повеќе отворени пунктови во градот ќе собираат потписи против ова идејно решение и секој граѓанин ќе може да даде и свој придонес за зачувување на автентичноста на објектот кој, како што велат од граѓанскиот сектор, не би требало да наликува на накитена новогодишна елка или на подвижна макета.


Инаку, минатиот месец, на официјалниот старт на реконструкцијата на оваа зграда присуствуваше и премиерот Никола Груевски, кој најави дека во овој објект ќе бидат сместени голем број подрачни единици на државни институции.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен концерт на отворено

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен…

Јул 24, 2021 Вести

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ – подвижниот музеј на Македонија, репрезентот на македонското фолклорно богатство, орото, песната...

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Софилар

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Соф…

Јул 23, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Општина Струмица апелира до граѓаните од населбата Софилар да одговорат на повикот од Управата за имотно правни работи – Министерство за финансии, за ...

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Банско

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Бан…

Јул 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

По денешната теренска вакцинација во Муртино, утре (петок, 23 јули), тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица ќе биде во селата Габрово и Банско. Жител...

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станови во Струмица во понеделник во Дом на АРМ

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станов…

Јул 22, 2021 Најава

Се известуваат сите заинтересирани граѓани кои конкурирале на Огласот за  распределување на 37 социјални станови во општина Струмица, во станбена згра...

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Север“, „Климент Охридски“, „Ленинова“, Софилар

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Се…

Јул 22, 2021 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 23 јули), од 14:00 до 14:30 часот ќе има прекин на електричната енергија во Струмица: И...

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Фејсбук

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Ф…

Јул 21, 2021 Вести

Мажи од Струмица се уценувани со експлицитни видеа и фотографии.  Лажни профили на Фејсбук, претставувајќи се како млади девојки на возраст од 25 до ...

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на нов велосипед, планираните средства се уште не се потрошени

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на н…

Јул 21, 2021 Вести

По објавувањето на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување велосипеди во 2021 година, до денеска се поднесени вк...

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират против Ковид-19, медицински тим ќе биде во нивното село

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират п…

Јул 20, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица утре (среда, 21 јули), ќе ја реализира теренската вакцинација во селата Дабиље и Сачево. Жителите на Дабиље ут...