Фамилијарна велосипедска прошетка низ струмичко на 13 септември

Среда, 05 Август 2015

Културното наследство низ Струмичкото поле, велосипедска прошетка за целата фамилија

На 13 септември низ Струмичкото поле ќе се одржи велосипедска прошетка наменета за целата фамилија, со посебен акцент на учество на децата.


По успешната организација на велосипедската прошетка „Културното наследство низ Прилепското поле“ во 2014 година, оваа година и Струмичкото поле ќе биде отворено за откривање од страна на велосипедистите. На 13 септември, низ Струмичкото поле ќе се одржи еднодневен велосипедски настан кој е наменет за секој.


„Во 2014 година низ Прилепско поле за прв пат организиравме бавен, велосипедски настан на кој имаше 140 учесници, меѓу кои добар дел со своите едноставни градски велосипеди. За во Струмица се подготвуваме и очекуваме да имаме цели фамилии со деца поради што имаме и лесна, рамна рута.“ изјавува организаторот Бојан Ранташа.


Настанот има за цел да го промовира Струмичкото поле како место за бавен велосипедизам, односно уживање во природата, културата и храната додека се вози велосипед. Од струмичкиот партнер ВК Актив додаваат дека ќе има и висока рута, наменета за поискусни велосипедисти, кои ќе имаат можност да го погледнат полето одозгора и да уживаат во долг спуст по земјен пат.


Настанот ќе има и образовен карактер, па на учесниците ќе им овозможи да се запознаат со културните знаменитости низ Струмичкото поле, меѓу кои: Гробот на Струма, Манастирот Водоча и Манастирот Вељуса. А за пренесување на приказните ќе се погрижат локалните кустоси.


Пријавувањето е во тек. Повеќе информации може да се добијат на велосипедскиот портал www.mk.to4ak.com, преку е-пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или од локалниот партнер ВК Актив: Димитар Манишев 070/214-680.


Настанот е поддржан од општина Струмица, општина Василево, Агрофруктус-Струмица, Грозд - Струмица, Комплекс Цареви Кули - Струмица, Стефано 97 - Скопје и Сити Бајк - Струмица.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„Комуналец“ им препорачува на граѓаните сметките за вода да ги уплаќаат во наплатните пунктови во Струмица

„Комуналец“ им препорачува на граѓаните сметките за вода да …

Авг 12, 2020 Вести

Поради заштита на уплатите од сметките за вода и избегнување на несакани компликации од затворање на една од банките во државата од страна на НБМ, ЈПК...

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите кули, некои со велосипед, некои пеш

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите к…

Авг 12, 2020 Вести

Околу стотина посетители синоќа рекреативно се искачија на еден од најпознатите локалитети во Струмица - Цареви кули. Најголемиот симбол на градот и г...

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица и еден од Вељуса

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица…

Авг 12, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 139 нови случаи со ковид-19 од направените 1627 тестови, меѓу нив и д...

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки“, кажа Јаневски отворајќи ја 57-та Струмичка ликовна колонија

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот с…

Авг 11, 2020 Вести

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки кои го менуваат нормалниот тек на живеење. Во ова време - невреме кога...

Почна „Струмица ОПЕН фестивал 2020“, со поинаква приказна

Почна „Струмица ОПЕН фестивал 2020“, со поинаква приказна

Авг 11, 2020 Вести

Под мотото „Поинаква приказна“ во Струмица започна 9-то издание на „Струмица ОПЕН фестивал 2020“. Поради пандемијата со коронавирусот фестивалот ова г...

Исчезнат е 56-годишен маж од Струмица, полицијата трага по него

Исчезнат е 56-годишен маж од Струмица, полицијата трага по н…

Авг 10, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

СВР Струмица информира дека синоќа во 22:45 часот во Полициската станица, К.А. (30) од Струмица пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко А.А...

Компанијата „Екофризер“ од Струмица вработува

Компанијата „Екофризер“ од Струмица вработува

Авг 10, 2020 Веб Билборд

„Екофризер“ е македонска дистрибутивна компанија која работи како генерален застапник за производите Лакталис, ВеМилк и Вива сокови за југоисточна Мак...

Тешко повреден тракторист, излетал од патот и паднал во дол

Тешко повреден тракторист, излетал од патот и паднал во дол

Авг 10, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 07:30 часот, на шумски пат викан „Безгаштовски пат“, помеѓу Струмица и Берово, на планината Огражден, С.В. (31...