Марјан Ѕин со филмски плакати на изложба во Рим

Понеделник, 25 Мај 2015

Струмичанецот Марјан Ѕин е дел од тимот „Плакат Комбинат“, составен од 26 истакнати уметници, кои од 25 до 31 мај се претставуваат во Рим, Италија

 

Струмичанецот Марјан Ѕин е дел од тимот „Плакат Комбинат“, составен од 26 истакнати уметници од областа на плакатот, графичниот дизајн, илустрацијата, графиката и современата уметност, кои од 25 до 31 мај се претставуваат во Рим, Италија, со изложба на плакати насловена „I Love this film“.


Станува збор за проект на платформата за уметност „Плакат Комбинат“, кој ги претставува филмовите од светската и бугарската кинематографија, и потенцира една од основните функции на плакатната уметност - да дава нова смисла на филмовите и нивната идеја да биде претставена на поразличен, уметнички, а не само на информативен начин.


Плакатите се со силна визуелна идеја и уметничка интерпретација, работени врз класики од светската и бугарската кинематографија. Со „I love this film“ се одбележува јубилејот „100 години бугарска кинематографија“.


Марјан Ѕин на 14 мај, беше дел и од изложбата на плакати на тема „Нова бугарска архитектура“, во Чешкиот културен центар во Софија со четири плакати - триптих, за зграда „Жаклин“ и плакат за зграда „Urbano moduli“.


Во јуни претстои уште една изложба во рамките на „Оne Design Week“, на тема „Омилен град“, на која што Ѕин ќе се претстави со два плакати „Мадрид“ и „Лондон“.


На Изложбата во Рим, Марјан Ѕин ќе ги презентира плакатите од филмовите „Вселенска Одисеја: 2001“ на Стенли Кјубрик, „Лакуваните чевли на незнајниот воин“ на Рангел В'лчанов „Осудени души“ на В'ло Радев, и „Пребројување на дивите зајци“ на Едвард Захариев.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Република“

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Реп…

Сеп 25, 2020 Вести

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Република“. Општината Струмица најпрво ги започна градежните активности за решавање на пробле...

Двајца струмичани со ковид-19 починаа, Струмица со 11 нови случаи

Двајца струмичани со ковид-19 починаа, Струмица со 11 нови с…

Сеп 25, 2020 Вести

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од направените 1504 тестирања, регистрирани се 143 нови случаи на ковид-19, меѓу кои ...

Утре жителите во општината Босилово кои користат вода преку Филтер станицата ќе имат прекин на водоснабдувањето од 6 до 17 часот

Утре жителите во општината Босилово кои користат вода преку …

Сеп 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Огражден“ од Босилово информираат дека утре (петок, 25 септември), поради чистење на резервоарите на Филтер станицата „Иловица“, ќе има преки...

Советот на општина Струмица направи измена и дополнување на Буџетот за тековната 2020 година

Советот на општина Струмица направи измена и дополнување на …

Сеп 24, 2020 Вести

Денеска се одржа 39-та седница на Советот на општина Струмица на која што беше усвоена предлог-одлуката за измена и дополнување на Буџетот на општина ...

Продолжува да расте бројката на новозаболени со ковид-19 во Струмица, денеска 14 нови случаи

Продолжува да расте бројката на новозаболени со ковид-19 во …

Сеп 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19, најмногу во Скопје 58 лица, па следува Струмица со 1...

Ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, во петок јавна презентација

Ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, во петок јавна …

Сеп 24, 2020 Вести

Јавното претпријатие за државни патишта ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, спој со А1 во должина од 25 километри. Во петок, 25 септември, с...

Некогашната скривница на плоштадот во Струмица се адаптира во Уметничка галерија

Некогашната скривница на плоштадот во Струмица се адаптира в…

Сеп 23, 2020 Вести

Започна со реализација проектот „Пренамена и адаптација на деловен простор во Уметничка галерија“. Пренамената се врши на просторот под градскиот плош...

Утре од 09:30 до 12:00 часот прекин на електричната енергија во Добрејци

Утре од 09:30 до 12:00 часот прекин на електричната енергија…

Сеп 23, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 24 септември), од 09:30 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат жителите и...