И денеска се бараше вонредна седница од градоначалникот Заев

Петок, 22 Мај 2015

Граѓани и понатаму продолжуваат да кампуваат во шаторите поставени во малиот Градски парк, спроти зградата на Општина Струмица

 

Граѓани и понатаму продолжуваат да кампуваат во шаторите поставени во малиот Градски парк, спроти зградата на Општина Струмица.


Доктор Тина Стојанова, член на Советот на општина Струмица, на денешната прес конференција уште еднаш побара свикување на вонредна седница од страна на градоначалникот и да одговори на многу прашања, кои советничката група има да му ги постави од името на граѓани.


„И денес со жалење можеме да констатираме дека во Општина Струмица сеуште не е свикана вонредната седница, која беше на предлог-барање на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а на барање на граѓаните на Струмица.


Сметам дека должноста на еден градоначалник е да се грижи за својата општина, да се грижи за граѓаните и за барањата од таа општина. Како граѓанин на општина Струмица, како советник во општината, се чувствувам засрамено, затоа што останаа глуви барањата којшто доаѓаат од сите страни на нашата општина, од сите граѓани.


Ја гледаме присутноста на овие граѓани пред општината, има голем револт меѓу нив, и барањата за прашањата на кои треба да се одговори, сепак треба да биде присутен и градоначалникот.


Би сакала да кажам дека во изминатиот период, доста напорно беше да се работи во Советот, да се донесуваат одлуки, бидејќи присуството на градоначалникот не беше застапено во Советот. Еден град, една општина, треба да работи со присуство на градоначалник, бидејќи Струмица е голема општина, се донесуваат клучни и одлучни прашања, се решаваат доста комплекси работи, меѓутоа голем дел од прашањата останаа неодговорени.


Би сакала да нагласам, дека од оваа место го повикувам градоначалникот да ја свика таа вонредна седница, да се дадат одговори на прашањата на луѓето, кои се однесуваат на неговото дејствување и однесување во изминатиот период како градоначалник, и дека должноста на еден градоначалник е да биде неговото однесување коректно, бидејќи граѓаните овде сакаат такво однесување и бараат отчет“ - изјави д-р Тина Стојанова, член на Советот на општина Струмица од Коалицијата „За подобра Македонија“.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Република“

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Реп…

Сеп 25, 2020 Вести

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Република“. Општината Струмица најпрво ги започна градежните активности за решавање на пробле...

Двајца струмичани со ковид-19 починаа, Струмица со 11 нови случаи

Двајца струмичани со ковид-19 починаа, Струмица со 11 нови с…

Сеп 25, 2020 Вести

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од направените 1504 тестирања, регистрирани се 143 нови случаи на ковид-19, меѓу кои ...

Утре жителите во општината Босилово кои користат вода преку Филтер станицата ќе имат прекин на водоснабдувањето од 6 до 17 часот

Утре жителите во општината Босилово кои користат вода преку …

Сеп 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Огражден“ од Босилово информираат дека утре (петок, 25 септември), поради чистење на резервоарите на Филтер станицата „Иловица“, ќе има преки...

Советот на општина Струмица направи измена и дополнување на Буџетот за тековната 2020 година

Советот на општина Струмица направи измена и дополнување на …

Сеп 24, 2020 Вести

Денеска се одржа 39-та седница на Советот на општина Струмица на која што беше усвоена предлог-одлуката за измена и дополнување на Буџетот на општина ...

Продолжува да расте бројката на новозаболени со ковид-19 во Струмица, денеска 14 нови случаи

Продолжува да расте бројката на новозаболени со ковид-19 во …

Сеп 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19, најмногу во Скопје 58 лица, па следува Струмица со 1...

Ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, во петок јавна презентација

Ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, во петок јавна …

Сеп 24, 2020 Вести

Јавното претпријатие за државни патишта ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, спој со А1 во должина од 25 километри. Во петок, 25 септември, с...

Некогашната скривница на плоштадот во Струмица се адаптира во Уметничка галерија

Некогашната скривница на плоштадот во Струмица се адаптира в…

Сеп 23, 2020 Вести

Започна со реализација проектот „Пренамена и адаптација на деловен простор во Уметничка галерија“. Пренамената се врши на просторот под градскиот плош...

Утре од 09:30 до 12:00 часот прекин на електричната енергија во Добрејци

Утре од 09:30 до 12:00 часот прекин на електричната енергија…

Сеп 23, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 24 септември), од 09:30 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат жителите и...