Акордите на Музичкото училиште „Боро Џони“ во чест на патронот

Среда, 20 Мај 2015

Публиката беше воодушевена од настапите на младите струмички таленти. Професорите беа со своите ученици и ги бодреа, а некои и настапија со нив

 

Општинското основно музичко училиште „Боро Џони“ од Струмица, синоќа го одржа својот Годишен концерт, во пресрет на својот патрон - 71 година од убиството на Боро Џони, а на кој настапија најуспешните ученици со инструментални изведби на пијано, виолина, хармоника, кларинет, труба, тамбура, кавал, тапан, но и со вокална интерпретација.


Најдобрите ученици кои настапувале на домашни и меѓународни натпревари и освоиле повеќе награди, пред струмичката публика во Големата сала на Центарот за култура се претставија со дела на Моцарт, Бах, Чајковски, Браун, Рихардс и други познати светски композитори, како и традиционална македонска изворна музика.


Публиката беше воодушевена од настапите на младите струмички таленти. Професорите беа со своите ученици и ги бодреа, а некои и настапија со нив.


На големата сцена, пред најблиските, на ученици кои освоија прво, второ и трето место на домашни и меѓународни натпревари им беа доделени пригодни подароци, а на шестмина талентирани ученици, Антонио Манчев, Стефан Памуковски, Спасе Крстев, Иван Пакетов, Христијан Ангелов и Павел Божинов, семејството на Боро Џони, Џонови, традиционално им додели парична награда.


„Музицирањето на нашите ученици кои се претставуваат на овој концерт, беше доживеано не само од нивните наставници, туку и од многубројни жирија во нашата држава и надвор од неа. Нашите ученици се здобија со високи награди, а вечерва публиката беше последното жири, кое со аплузите ги потврди прекрасните изведби на нашите ученици“, ни рече директорката на ООМУ „Боро Џони“, Клара Патарова.


ФОТОГАЛЕРИЈА

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Поради дефект без вода се жителите на улицата „Бетовенова“ во Струмица

Поради дефект без вода се жителите на улицата „Бетовенова“ в…

Окт 01, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека поради санирање на дефект прекинато е водоснабдувањето на улицата „Бетовенова“ во Струмица. Нормализирање на водо...

Струмица денеска со 9 новозаболени од ковид-19 и 14 оздравени пациенти

Струмица денеска со 9 новозаболени од ковид-19 и 14 оздравен…

Сеп 30, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа од направените 1697 тестирања, регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19. Најмногу во Скопје 77 лица, а во Струмица 9 нови слу...

Утре прекин на електричната енергија на улиците „Маршал Тито“ и „Балканска“ во Струмица

Утре прекин на електричната енергија на улиците „Маршал Тито…

Сеп 30, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 1 октомври), од 08:00 до 09:30 часот ќе биде прекината електричната енергија на улиц...

Вечерва кај ТЦ „Глобал“ во Струмица, автомобил удрил во пешак

Вечерва кај ТЦ „Глобал“ во Струмица, автомобил удрил во пеша…

Сеп 29, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Вечерва околу 20:40 часот на раскрсницата од булеварот „Ленинова“ со улицата „4-ти Јули“, кај ТЦ „Глобал“ во Струмица, автомобил удрил во пешак, жена...

Општина Струмица: Училиштата подготвени за новата учебна година

Општина Струмица: Училиштата подготвени за новата учебна год…

Сеп 29, 2020 Вести

Во скоро сите училишта, во текот на летниот период беа реализирани активности за подобрување на условите за реализација на воспитно-образовниот процес...

Еден починат и 11 новозаболени со ковид-19 во Струмица, оздравени четворица

Еден починат и 11 новозаболени со ковид-19 во Струмица, оздр…

Сеп 29, 2020 Вести

Во последните 24 часа од направените 1372 тестирања, регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19, од кои 11 и во Струмица. Во болнички услови починаа...

На патот Струмица – Штип се преврте автобус со 16 војници на АРМ, дел од нив се со полесни повреди

На патот Струмица – Штип се преврте автобус со 16 војници на…

Сеп 29, 2020 Вести

Утринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица - Штип, кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници на АРМ. Како што соопштуваат ...

Мурал во дворот на гимназијата за здравствените работници кои се борат со пандемијата

Мурал во дворот на гимназијата за здравствените работници ко…

Сеп 28, 2020 Вести

Лекарка како супер херој насликана на ѕид во дворот на гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица од 16-годишната Јана Мицева, а обоено од средношколци ...